Во Горски Котар се измерени рекордни дневни количества на врнежи за септември, а апсолутниот дневен рекорд откако постојат мерењата е забележан во Огулин, пишува Индекс.хр.
Во изминатите неколку денови големи количества врнежи ги зафатија Горски Котар, централна Хрватска и западна Славонија, кои на некои места предизвикаа огромни материјални и земјоделски штети.
Според податоците на ДХМЗ, во изминатите 24 часа најголемо количество врнежи е измерено во Националниот парк Рисњак каде наврнале 192 литра дожд на метар квадратен, додека во Огулин тоа количество изнесувало 122 литра.
Во Огулин се поплавени неколку улици, пренесува Индекс.хр. Во тој град се излеа реката Добра, а поплавен е и националниот пат Д42, па сообраќајот е во прекин и се одвива по заобиколен пат.
Поради количеството дожд што наврна и сè уште паѓа на горниот тек на реката Купа, дојде до драстично зголемување на нивото на водата и влегување во режим на мерки за одбрана од поплави со тенденција за натамошен пораст на водостојот, се наведува во соопштението на Хрватските води.
Поради поројните дождови се излеа и реката Сава во хрватскиот главен град Загреб.
Во меѓувреме, низ цела Хрватска температурите значително се намалија, а на планинскиот врв Завижан на Велебит падна снег.
Snijeg na Velebitu.
? Drago Vukušić, motritelj na GMP Zavižan @DHMZ_HR pic.twitter.com/9vsRfhPUzj
— DHMZ (@DHMZ_HR) September 17, 2022