• Latest

Ременски: Некои историски константи не може да бидат предмет на политичко договарање

May 4, 2020

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025
Марта Кос (Фотографија: Скриншот од видео МИА)

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ременски: Некои историски константи не може да бидат предмет на политичко договарање

May 4, 2020 11:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Некои историски константи не можат да бидат предмет на политичко договарање, смета пратеничката Фросина Ременски прашана во врска со тоа како гледа на несогласувањата што постојат меѓу нашата земја и Бугарија за Гоце Делчев.

– Фактот дека Гоце Делчев е наша историска константа вткаена во нашата државност и во нашата револуционерна борба и во тој контекст не може да има какви било политички толкувања, меѓутоа историските факти треба да се земат предвид и секако да се почитува фактот дека нашиот великан Гоце Делчев почива во престолнината на слободна и суверена Македонија како што и беше неговиот аманет. Во далечните времиња на поствоена Југославија заедно со великанот Јосип Броз Тито, чија смрт ја одбележуваме, исто така, на денешен ден, вреди да се спомене дека благодарение на соработката моштите на Гоце Делчев почиваат во Скопје. И денеска ја имаме таа историска прилика како нови генерации и генерации кои ги следат неговите идеали да се поклониме пред неговиот гроб и да оддадеме почит на неговите дела за нашата државност, изјави Ременски, која ја предводи собаниската делегација која положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје по повод 117-годишнината од неговата смрт.

Нагласи дека нема да коментира ставови на други интелектуалци за националната припадност на Делчев.

– Јас сум добитник на „Гоце Делчев“ наградата за придонес за наука од интерес на Република Македонија од 2008 година. Секој интелектуалец кој творел и работел на полето на нашиот историски континуитет и нашата државност има свој став по одредени прашања. Јас мојот став го кажав – Гоце Делчев е наш великан кој е вткаен во темелите на нашата државност и воопшто не би коментирала интелектуални гледања на други интелектуалци кои можеби мислат поинаку. Сметам дека Гоце Делчев заслужува да биде столбот како што и досега е на нашата државност и мислам дека тоа не треба никој да го доведе под знак на прашање, ниту политички, ниту пак историски, потенцира Ременски.

Со панихида во чест на идеологот на Македонското револуционерно движење во сослужение на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан денеска во црквата „Свети Спас“ во Скопје беше одбележана 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев.

Цвеќе пред споменикот на Делчев положија бројни делегации, меѓу кои и делегација од Собранието предводена од пратеничката Фросина Ременски.

– Од името на Собранието положивме цвеќе на гробот на нашиот великан Гоце Делчев и со тоа оддадовме почит на неговата државотворна улога во целокупниот развој на нашата државност. На сите граѓани сакам да им порачам дека ние како заедница, како народ треба да бидеме горди што во нашата историја го имаме Гоце Делчев, нашиот великан којшто се втемели во нашата историска битка за самостојна независна суверена Македонија во заедница со сите држави на светот, рече  Ременски по положувањето цвеќе.

Свежо цвеќе полоѓија повеќе делгации.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ