• Latest

Рентата на раскалашениот Хорхе

September 19, 2019

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Рентата на раскалашениот Хорхе

Го читав извештајот на ДКСК за анализите и констатациите. Тврдам дека вакво четиво ретко може да се прочита од некоја друга институција во земјава. Без пардон, неумоливо се редат фактите, а заклучоците се директни и јасни, без заобиколување и криење зад правните флоскули.

September 19, 2019 11:18
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Безгласната буква во машинеријата на криминалната Фамилија на Груевски, човекот што го споредувавме со украсно растение што се тава во ќошевите по домовите. Или Хорхе, за што се мисли дека е по ликот од комедијата на Монти Пајтон, иако генезата на прекарот е посериозна. Еден мој колега од медиумите го нарекол така, затоа што првиот мандат го доби во стилот на наместените избори во јужноамериканските диктаторски држави.

Тој, полека прерасна во симбол на режимот и беше директно заслужен за последниот бран на граѓанскиот револт, Шарената револуција. Тоа е човекот за кој се зборува дека планирал утврдување на диктаторската клика по државниот удар, нападот на Собранието на 27 април 2017 година. Оној истиот што прикажа трошок за вратоврска од околу 5.000 евра (ситница), додека ја узурпираше претседателската функција цели десет години.

Истиот тој што жестоко го попречуваше македонскиот евроатлантски пат и притоа ја срамеше земјата, затоа што толку му е дадено на човеков. Навистина, мора да му се признае и дека често нѐ засмеваше со своите урнебесни гафови, но уште почесто нѐ оставаше непријатно изненадени со неговиот несоодветен избор на изрази и клетви. „Убаво си молчеше седум години“ – се слушаше често меѓу луѓето.

Ете, тој, Ѓорѓе Хорхе Фикус Иванов, иако даде колку што можеше од себе против менувањето на името од ФИРОМ во Република Северна Македонија, не му пречеше и само си го пушти рачето и посегна по јавното добро (на таа иста Северна Македонија). Потпиша со таа земја, против чии интереси работеше, огромна (околу 100.000 денари) месечна пензија и зеде под наем прескапи работни простории – од себе, од својата Фамилија, платено со наши пари. И едно чудо други привилегии како што се шофер, персонал и слични играчки за раскошна старост. Сето тоа од Северна Македонија, сето тоа од граѓанките и граѓаните што ги смета за помалку вредни од себе. Доследен до крај. Моите колешки и колеги не успеаја да најдат податок ни дали побарал три понуди, барем формално, но и ако го сторил тоа, ќе значи само дека станал малку попретпазлив, ништо повеќе.

Сепак, работите во оваа наша сиромашна земја почнаа да се менуваат. По долги перипетии, пред половина година, добивме вистинска Државна комисија за спречување на корупцијата (таа претходната беше само параван за заштита на криминалот на Фамилијата). Таа комисија, предводена од седум посветени луѓе што ги бираше Собранието во невообичаено транспарентна постапка, го слушна гласот на јавноста и го истражи случајот Иванов или, да го наречеме со име на „Р“, но овојпат соодветно – Рента.

Го читав извештајот на ДКСК за анализите и констатациите. Тврдам дека вакво четиво ретко може да се прочита од некоја друга институција во земјава. Без пардон, неумоливо се редат фактите, а заклучоците се директни и јасни, без заобиколување и криење зад правните флоскули.

ДКСК, истражувајќи какви привилегии уживаат поранешни претседатели од други држави, особено од нашево опкружување, доаѓа до заклучок дека во ниту една држава нема ваков пример на доживотни привилегии и трошење. Овој луксуз особено доаѓа до израз бидејќи се случува во сиромашна земја каква што е нашата. Привилегиите во земјите од регионот се ограничени, во Црна Гора и Хрватска на 5 години, во Србија на максимум 6 месеци (период во кој се очекува дека поранешниот претседател ќе се вработи или не ги исполни условите за пензија согласно Законот за пензиско инвалидско осигурување, а во Словенија, привилегиите траат максимум една година. За балкански држави говориме! Сите со повисок стандард од нашата, а две од нив и членки на ЕУ!

ДКСК споделува и еден податок за износот на привилегиите на бившите претседатели, не сметајќи ги парите што сме ги дале за вртоглаво високите пензии и други надоместоци. Во изминатите 10 години од Буџетот на РСМ, само за кирии, комуналии и службено возило, исплатени се 67.070.739 денари или 1.090.581 евро. Машала! Заслужено, нема што! (восклици од мене)

Па така, ДКСК заклучува: Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да го раскине договорот за закуп и да додели канцеларии кои се во државна сопственост, со цел да се заштедат парите за кирии во износ од 4.500 евра месечно. Да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за правата на претседателот на РМ. Да се поднесе иницијатива до Собранието на РСМ за преиспитување на законот во смисла на ограничување на времетраењето на привилегиите на поранешните претседатели.

Со своето размислување и дејствување, ДКСК во целост се совпаѓа со општата замисла за чесност, бескомпромисност и решителност. Од тие стојалишта поаѓа и Иницијативата „Крај за расипништвото“ за укинување на привилегиите на функционерите што јас и моите другарки и другари ја поведовме пред половина година. И овој пат, како и повеќепати до сега во изминатите неколку месеци, ДКСК ми го направи денот. Секоја чест!

Сигурен сум дека од некаде мора да се почне, па нека е тоа и рентата на Хорхе и продолжувањето на предметите од СЈО, преку (донекаде) реформираното ОЈО. Толку пати бевме разочарани во минатото, така што нема ниедна причина сега да не бидеме оптимисти. Уште еднаш.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share206Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ