• Latest

(РЕПРИНТ) Борбата за правда е борба против корупцијата

December 9, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

(РЕПРИНТ) Борбата за правда е борба против корупцијата

Нема друг пат до правдата, освен преку борба против корупцијата. Секаде каде што луѓето се жалат на неправда – се наоѓа корупцијата. Некаде е видлива од авион, некаде е малку затскриена, но подеднакво убиствена. ( рафалот на Џабир Дерала е објавен на 23 ноември 2018 и е дел од публикацијата „Антикорупција“ во издание на ЦИВИЛ истата година)

December 9, 2022 15:00
in АНТИКОРУПЦИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Нема друг пат до правдата, освен преку борба против корупцијата. Секаде каде што луѓето се жалат на неправда – се наоѓа корупцијата. Некаде е видлива од авион, некаде е малку затскриена, но подеднакво убиствена.

Турците се виновни

Првата можност за корупција ја има во законите, поточно, во дупките и недореченостите во нив. Ако, пак, законот предвидува добри и јасни мерки за владеење на правото, следниот чекор е селективното спроведување или негово неспроведување. Тоа е можно само преку корупција. Да не се заборави – неспособноста, како најчест изговор, е последица од коруптивно владеење.

Сиромаштијата е последица од корупција. Загадувањето, во голема мерка, е последица на корупцијата. Катастрофите во здравството и образованието се дел од корумпиран систем. Сечата на дрвјата што потоа предизвикуваат тешки последици се последица од корупцијата. Криминалци ви се шетаат по улица и уживаат во богатството што го стекнале преку ноќ по пат на криминал? Корупција.

За сето тоа се виновни, се разбира, Турците што владееле 545 години со овој простор, Албанците што се доселиле од планините (според Блаже Ристески и компанија, во Македонската енциклопедија), клетите Грци, лошите Бугари, злите Американци и превртливите Европејци. И Сашо Орданоски, Мирјана Најчевска, Бранко Героски и неколкумина други „дежурни предавници“, па и јас. Да не зборуваме за „хунтата на Зоран Заев“ на која верно ѝ служат сите претходно набројани, од Турците па наваму. Или можеби не?

Ајде да бидеме сериозни

За успешна борба против корупцијата, потребни се: добар, јасен и недвосмислен закон, независни институции и посветени професионалци.

Актуелни се напорите да се донесе Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Искусните професионалци, чесни и посветени луѓе, вработени во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), решија да помогнат во кристализирањето на овој закон и деновиве споделија низа одлични забелешки и предлози со повеќе претставници на граѓанското општество. Овде се моите коментари, онака како што јас ги разбрав сугестиите на

Корупцијата урива и убива… Јавноста има право да знае како се гради законот што треба да ѝ даде такт на борбата против тој убиец – корупцијата.

Конфузни членови во антикорупцискиот закон

Член 10 од антикорупцискиот закон што е во процедура е конфузен. Тој се однесува на правото на реизбор на членовите на ДКСК. Формулацијата е нејасна, така што на крајот, не знаеме дали тие имаат или немаат право на реизбор. Во секој случај, еден мандат од пет години е повеќе од доволен за борба против корупцијата. Втор не е потребен за ниеден член на новата ДКСК.

Во Член 12 треба да се избрише ставот 20, бидејќи е нонсенс да се дозволи можноста на оние што нема да бидат избрани како членови на ДКСК да се жалат на Управен суд. Членовите се избираат во Собрание, законодавниот дом, највисока институција.

Во Член 19 има недоследности во првиот став, бидејќи во истиот Член, во ставот 24 веќе се утврдува обврската за носење на годишна програма за работа во која се содржат сите активности што треба да се спроведат во текот на годината, па оттаму е нецелисходно донесувањето на посебни годишни планови, особено затоа што истата обврска ја има и Државниот завод за ревизија.

Функционерите мора да одговорат на сите прашања!

Во Член 31 се забележува дека има обид (навистина, со добри намери) да се регулираат повеќе обврски во доменот на ревизиите и постапките за испитување на финансирањето на политичките партии. Доволно е да се каже дека ДКСК покренува постапка за утврдување на фактичката состојба, што ќе подразбира и истражни дејствија. Во тој член има крпеници и миш-меш од остатоци од Законот за управна постапка и регулативата поврзана со работата на УЈП. Вака како што е сега формулиран овој член од законот, како што изгледа, се остава простор за манипулации преку жалбените постапки, преписките, управните акти и други административни (бирократски) чекори што ќе ги затворат истражните постапки за корупција во лавиринт без излез.

Мора да се прецизираат, но и да се поедностават одредбите што се однесуваат на обврските и ограничувањата на советниците во општините и членовите на управните одбори по разни јавни претпријатија и установи, во Член 45. Од сопственост во приватни фирми, на пример, не мора да се откажат оние што се непрофесионално ангажирани, како општинските советници, но затоа членовите на управните одбори ќе мора да го сторат тоа, а за министри и други повисоки функционери и да не зборуваме. Не дека и така нема можности за корупција, но затоа силна и независна ДКСК може да се испречи на патот на корупцијата, зарем не?

Во Член 83 (многу важно!) мора да се воведе обврската имотната состојба да се пријавува по електронски пат, со задолжително пополнување на сите полиња. Така, ќе се избегне „ненамерното“ прескокнување на „незгодни“ прашања во пријавата. Сето тоа ќе биде достапно за јавноста на интернет. Нема потреба од бришење на податоците по 10 години, како што тоа се предвидува во оваа верзија на законот во Член 91, став 4. Напротив, тие треба да останат во документацијата на ДКСК. Доволно е да се симнат од интернет по 10 години, но никако не треба да се бришат тие податоци.

Во Член 85, препорачливо е да се пријавуваат и промените на имотната состојба, без оглед на тоа дали вредноста на имотот ќе остане иста или не. Зошто? Може функционерот да има зграда како недвижен имот, а во еден момент да ја продаде и да располага со огромна сума готови пари. ДКСК треба да знае за таа промена од повеќе очигледни причини.

Денот кога почнува битката против убиецот – КОРУПЦИЈАТА

Да не заборавиме! Секретаријатот на ДКСК мора да добие максимални услови за работа, независност и пристојни плати, што во овој момент ги нема. Треба да се размисли и за проширување на Секретаријатот со пополнување на бројот на работни места до 51 вработен, наместо досегашните 22-ца. Индикативно е што пумпањето на администрацијата во минатото не ја зафатило ДКСК, каде што навистина се потребни луѓе што ќе работат на обемната материја што ќе биде чувар против корупцијата. Нивниот статус треба да се изедначи барем со оној на вработените во регулаторните тела, а буџетот на ДКСК треба да се одредува со процент од годишниот буџет на државата, а не според волјата на пратениците.

Денеска е 327 ден во годината. Ден кога треба да се започне вистинска битка со убиецот: КОРУПЦИЈА. Ви благодарам што читате.


Колумната на Џабир Дерала е објавена на 23 ноември 2018 и е дел од публикацијата „Антикорупција“ во издание на ЦИВИЛ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ