„Украина се бори за нас. Украина не се бори само за сопствената слобода—таа се бори и за нашата слобода, нашиот систем и нашите вредности. И не е само Украина. Другите поранешни советски републики—како што се Ерменија, Грузија и Белорусија—сé уште се под притисок од стариот империјалистички начин на размислување. Мора да го отфрлиме и надминеме ова империјално размислување што доаѓа од Русија. Ова е клучна задача“, рече д-р Волфганг Ресман, претседател на „Youth4Media“ и „Media Dialogue“ на настанот на Вестминистерскиот сојуз за Украина.
„Во Германија, долго време велиме ‘Никогаш повеќе војна’, како лекција од Првата и Втората светска војна. Сега, мора да одиме еден чекор понатаму и да кажеме: Никогаш повеќе агресивна војна во Европа“, рече д-р Ресман.
Превод: Н. Цветковска