Повторната употреба е практичен начин да ги продолжиме животниот век и вредноста на производите и материјалите.
Кога ќе се преиспитаме (Rethink) и ќе научиме да одбиваме (Refuse) работи кои ни штетат нас и на околината, а истовремено ќе научиме да штедиме и да го намалиме (Reduse) количеството отпад што го создаваме, лесно ќе се прилагодиме да ги реупотребиме (Reuse) предметите / материјалите кои првично сме ги намениле за фрлање.
Наместо веднаш да фрлиме нешто што не ни е потребно, треба да размислиме дали можеме да го искористиме повторно или да му најдеме нова употреба.
Пример за Reuse во секојдневниот живот | Опис | |
---|---|---|
1 | Повторна употреба на стаклени тегли | Користење тегли од ајвар, мед, итн. за чување други производи |
2 | Повторно користење на кеси | Пластични или платнени кеси за пазарење повеќе пати |
3 | Пренаменување на стара облека | Сечење на стара облека за крпи, крпи за прашина или DIY проекти |
4 | Двострано користење на хартија | За нацрти, домашни задачи или списоци |
5 | Продажба или донација на користени предмети | Преку саеми, онлајн платформи, хуманитарни акции |
6 | Користење на стара електроника | Стари телефони како аларми, музички плеери или резервни уреди |
7 | Повторна употреба на кутии за храна | Пластични и метални кутии за пакување храна |
Но, не само во секојдневниот живот, многу бизнис сектори во рамки на своето делување можат да ги реупотребуваат ресурсите што ги користат.
Пример за Reuse во бизнисот | Опис | |
---|---|---|
1 | Повторно полнење на мастила за принтери | Наместо купување нови картриџи се користат refill системи |
2 | Повторна употреба на амбалажа | Пластични или дрвени палети, контејнери и кутии од добавувачи |
3 | Перење и користење садови | Во угостителство – чаши, шишиња, садови наместо еднократни |
4 | Пренамена на стара канцелариска опрема | Прераспределба на мебел или ИТ опрема во други сектори |
5 | Донација на вишок опрема | За непрофитни организации, училишта или јавни институции |
6 | Повторна употреба на градежни материјали | Тули, бетон, метал и дрво од стари објекти |
7 | Затворени системи за вода | Индустриска вода која се филтрира и користи повторно |
Овој пристап ја намалува количината на отпад и ја зголемува еколошката свест и е важен чекор во спроведување на принципите на циркуларна економија.