• Latest

Реформите пред функциите…

February 19, 2018

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Реформите пред функциите…

February 19, 2018 09:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред неколку дена, веројатно предизвикана од еден текст потпишан од Јове Кекеновски, во јавноста се појави „реакција“ на „реформаторите“ во ВМРО-ДПМНЕ. Во реакцијата зборувајќи во името на реформаторите се вели дека „сите наши заложби се исполнети“, вклучувајќи непосредна демократија, избор на претседатели на ОК и формирање на нови органи.

Пишува: Влатко Атанасоски

Оваа изјава следи во период кога дел од самопрогласената елита на т.н.реформатори, заседна во „новиот“ ИК кој го составуваше Христијан Мицкоски, по нелегитимниот конгрес во Валандово минатата година и откако во јавноста почна да се шири вест дека уште еден од првите реформатори, Алкесандар Михајлоски ќе биде „избран“ за поптретседател на партијата, по што би бил четвртиот попретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Колумнава е резултат на мојата огорченост од леснотијата со која дел од „реформаторите“, си дозволуваат да говорат во името на сите луѓе кои ги подржаа реформите и неверојатната лична амбиција која ги доведе „елитистите-реформатори“, во позиција да ги погазат суштинските идеи на иницијативата и само заради позициите кои ги добија во „новата структура“, одлучија да ги прогласат реформите за успешни и бессрамно да изјавуваат дека нашите, реформските заложби биле исполнети и тоа во целост, а премолчено да учествуваат во продолжението на груевизмот кој може да ја уништи партијата.

Реакцијата доаѓа откако Христијан Мицкоски без претходно да го менува статутот, постави 4 потпретседатели без непосреден избор, избра ИК без непосреден избор, истовремено според стариот статут, сеуште е и претседател на ИК и на ЦК. Со самото ова, два од основните принципи на декларацијата за демократизација која ја промовиравме во екот на реформите, се погазени во целост, а за да биде иронијата поголема, токму луѓето кои работеа на таа декларација се истите кои први замолчија со добивањето на функции без непосреден избор. Во рекацијата се оценува дека реформското делување е делување од внатре и се споменуваат „некои други“, кои се одлучиле да делуваат од надвор. Ваквото поимање на внатрепартиско делување веројатно се променило откако „елитистите“ станаа членови на „Христијановиот“ ИК, бидејќи и самите знаат дека една од основните заложби на реформаторите беше отворање на партијата за сите членови и нивните мислења, токму поради недостапност и немањето на слух за различните мислења, што воопшто не е сменето ниту денес.

Лицемерието и недоследноста како и недостаокот на чувство за демократија во оваа „несреќна“ реакција, се отсликува и во обидот да зборува во името на сите реформатори, во услови кога на оние што ја диктирале оваа реакција, им е јасно дека на нашата последна официјална средба, на која присуствуваа 30-тина од најголемите поддржувачи и пионери на реформите, јасно беше изразен сомнеж од страна на голем дел од присутните, во искрените намери на самопрогласените лидери на реформите, за кои веќе тогаш се знаеше дека се пазарат со Мицкоски за функции.

Целта на тој пазар беше Мицкоски да добие алиби за наводната негова подготвеност за соработка и дебата, зашто нели, ете ги прифатил рефармоторите, иако и тој и Груевски чуствуваа одвратност кон реферматорите, што впрочем Груевски и јавно го искажа во интевју на ТВ Нова во јули 2017, кога реформаторите јавно ги омаловажуваше, нарекувајќи ги платеници и предвидувајќи им скоро покајување покрај тоа што ги обвини дека работат против државните интереси на Македонија.

Нејсе.

За жал на реформаторите-елитисти, кои станаа новопечени функционери на „новата ера“ на Груевски и Мицкоски, кои се помирија со тоа на чело на партијата да биде најблискиот соработник на Груевски, избран на Конгрес кој го бојкотираа повеќе од 100 делегати, и се помирија да седат во органи на партијата на која за почесен претседател е избран токму Груевски како што се помирија и да донесуваат одлуки во друштво на Тони Михајлоски, а Петар Богојевски да биде заменик на генералниот секретар (функција која фактички е измислена само за него) – Игор Јанушев, кој беше човекот од доверба за изборни „шашми“ на Миле Јанакиески, а за среќа на сите други членови на ВМРО-ДПМНЕ кои идеолошки припаѓаат кон автономната идеја на македонската револуционерна организација, можам да кажам дека реформите во ВМРО-ДПМНЕ допрва почнуваат!

Зад мојата идеја за внатрепартиско дејствување со цел обединување, автономија и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, стојам лично со мојот интегритет и посветеност кон идејата за демократизација, модернизација и отвореност на партијата. Реформите во ВМРО-ДПМНЕ се незапирлив процес кој ќе продолжи затоа што устличувањето на неколкумина кои и онака ќе служат само за декор и изговор, не значи исполнување на барањата кои беа суштински.

Реформите ќе продолжат:

· Додека целосно не биде укинат системот на послушност и присила во партијата,

· Додека не се утврди внатрепартиска одговорност за самоволното однесување на раководството и донесувањето одлуки надвор од одредбите на статутот и партиските акти,

· Додека не биде во целост променет начинот на избор на партиските органи и тела преку системот на внатрепртиски избори,

· Додека не се примени во целост принципот на јавност и транспарентност во работењето на партијата,

· Додека не се ревидира материјално –финансиското работење на претходното раководство во однос на финансирањето на изборите и кредитното задолжување на партијата,

· Додека не се донесат стратегиските документи за политичко дејствување на партијата,

· Додека не се донесе стратегија за иднината и модернизацијата на партиската организација и дејствување.

Причините поради кои се вложувам во продолжување на реформите во ВМРО-ДПМНЕ се само дел од барањата кои ги застапувам. За мене е неприфатливо премолчувањето на фактите дека Груевски и Мицкоски беа најблиски соработници во спроведувањето на масовните злоупотреби и во државата и во партијата. Несомнено би било недостоинствено да се помирам, на чело на партијата, да застане човекот во кој Груевски гледаше најсиурна марионета која без поговор ќе ги слуша неговите заповеди, што Мицкоски го демонстираше со срамниот амин на изборот на Груевски за почесен претседател на истиот конгрс во Валандово, на кој како и на тој во Охрид, се одвиваше речиси ритуалното примопредавање на тронот и во двата случаи со церемонијата на избор на почесен претседател на претходникот.

Но овајапат нештата се поинакви!

После многу години во партијата се создаде силна, компактна, автономна група на поранешни партиски функционери, пратеници но и слободоумни партиски членови кои никогаш не биле избирани на функции, а сепак кадарни и многу поспособни од оние кои ја водеа и ја водат партијата. Оваа внатрепартиска структура, обединатеа околу идеолошките принципи на организацијата, започнува многу поинаков начин на демократско дејствување во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, со чие раководтсво се разидува по однос на ставовите за многу политички прашања и внатрепартиски принципи.

Оваа внатрепартиска активност ќе нуди можност за внатрепартиска инклузија на членовите кои не добиле можност да учествуваат во рабоата на партијата до сега, преку отворената можност да ги објавуваат своите ставови, идеи и критики во нашиот електронски гласник РЕФОРМСКИ ГЛАС кој веќе е достапен онлајн. Исто така, нашата внатрепартиска повелба за реформи предвидува активности во самите ОК-ти и месни ограноци на партијата, каде непосредно сакаме да ги претставиме нашите идеи за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Во очекување на новиот статут, кој наводно се подготвува во кујните на палатата, ќе коментираме и преку јавни обраќања ќе ги илустрираме разликите меѓу нашите ставови и ставовите на ново-старото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, зачинето со „врвот“ на реформаторите и под будно око на почесниот претседател Груевски.

Секој член на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да се приклучи кон повелбата за демократска реформа и веднаш да учествува во нашиот обид, ВМРО-ДПМНЕ да се врати во рацете на членовите и навистина да биде народна и демократска, деснио ориентирана, демохристијанска политичка партија, а не збир од недефинирани политикантски празни реченици, применувани од политиканти со кои манипулира Никола Груевски и неговиот производ со додадена вредност-Хритијан Мицкоски.

Tags: Влатко АтанасоскиВМРО-ДПМНЕреформиреформски глас
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ