По реакцијата на ЦИВИЛ, онлајн регистарот на педофили е повторно вратен во употреба. Од кои причини досега не беше во функција не успеавме да дознаеме.
Од информациите кои ги добивме Хелсиншкиот комитет за човекови права реагирало за постоењето на овој регистар.
Информацијата ни ја потврди и извршната директорка на Хелсиншки, Уранија Пировска, која во изјава за ЦИВИЛ Медиа вели дека тие реагирале, но не им е познато од кои причини регистарот е затворен.
„Нашата реакција беше во контекст на тоа дека не треба јавно да бидат објавени имињата на лицата осудени за педофилија од причина што на тој начин се загрозува безбедноста на нивните семејства“, вели Пировска.
Не е прв пат, онлајн регистарот на педофили да се врати во функција по реакција на медиумите. Таков е случајот од 2017 кога новинарка на Тв21 објавила сторија по чие објавување сајтот повторно бил вратен во функција, но за кратко.
Се надеваме дека оваа пракса нема да продолжи и во идинина.
Регистарот постои од 2012 година и е координиран од Министерството за труд и социјална политика, а го раководи ЈУ Завод за социјални дејности. Овој список овозможува пристап до инфомации за осудени лица за педофилија.
Маја Ивановска