Актерката Ирена Ристиќ, по предлогот да се соберат 200 евра за плаќање на казната на професорката Мирјана Најчевска, поради фрлање со боја за време на протестите на Шарената револуција, денеска на својот Фејсбук профил објави дека парите ќе се собираат во Нано бар.
„Падна предлог целата сума да се собере во денарчиња и ги однесеме во канта боја, до кај што треба… Чекаме и Најче да се јави на главна каса“, пишува Ристиќ.
https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10157208220414726
Повикот да се соберат парите и со свечена церемонија и на ТВ да се уплат предизвика огромно внимание, особено поставувајќи го прашањето што е со останатите фрлачи на боја, што сега се на некоја функција.
„Зоки и Рада не дофрлаат, океј, видовме, осетивме, али зошто Павле Богоевски не е на доживотна робија на истата тема? Па, он баш ради неговата прецизност доби функција, де… “, се прашува Ристиќ.
Б. Ј.