„Конечно, Македонија избра демократија. Ние доаѓаме да ги охрабриме добрите вести“, изјави Хедер Роберсон Гастон експерт за човекови права од САД, на денешниот јавен настан „Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, посветен на изборите.
Таа додаде дека оваа дискусија е навистина значајна, и дека сега е вистинско време да во Македонија да се работи подобро и потранспарентно, како и дека мора внимателно да се следат сите институции кои се надлежни за изборите, и да се проценува нивната одговорност.
„Навистина би било добро да речеме дека сè се поправи, но доколку го сториме тоа, по следните избори, извештајот сè уште ќе има нерегуларности, како семејното гласање, нарушување на изборниот молк, проблеми со Избирачкиот список…“, истакна Роберсон Гастон.
„Меѓународната заедница има потесен фокус, се прашуваме: дали беа изборите украдени, дали беа гласаќите заплашувани, дали граѓаните можеа да се најдат на избрачките списоци… Изборите може да бидат слободни и фер, меѓутоа се користат и како алатка да се помогне на една или друга партија“, додаде Роберсон Гастон.