• Latest

Родителите и Владата разговараат за начинот на одвивање на наставата

August 27, 2020

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Родителите и Владата разговараат за начинот на одвивање на наставата

August 27, 2020 11:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за здравство  Венко Филипче и заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска, во одделни средби вчера ги примија претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес во учебната 2020/2021 година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.

На средбите претставниците на двете групи родители имаа прилика да ги соопштат своите ставови и аргументи, како и да бидат детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Претставниците на родителите на двете групи беа запознаени дека моделот за организирање и спроведување на наставата за учебната 2020/2021 година во услови на пандемијата со КОВИД-19 предвидува комбинирана настава со одредени исклучоци кои одат во прилог и на застапниците на онлајн наставата и на оние кои се залагаат за настава со физичко присуство.

Задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за интернет комуникација, односно онлајн.

Вториот исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на вториот услов за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, и со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите.

За овие исклучоци ќе одлучува работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за здравство и на Канцеларијата на претседателот на Владата, по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Овој комбиниран модел, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците и истовремено обезбедува спроведување на наставно-образовните програми.

Средношколскиот сојуз не отстапува од закажаниот протест в понеделник (31 август) и покрај тоа што со вчерашната одлука на Владата почетокот на учебната година е одложен за еден месец односно за 1 октомври. Сојузот бара почетокот веднаш да биде со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Од сојузот велат дека Унијата бара развој на модели на комбинирано учење, во зависност од епидемиолошките услови и нивните барања се:

1. Комбинирано или хибридно учење како најефикасен начин на учење за време на пандемијата, засновано врз епидемиолошката состојба на градовите. Училиштата да создаваат групи ученици што ќе одат на училиште и други преку Интернет. Ротацијата на групите треба да се прави на секои два дена.
2. * Децентрализиран пристап * – наместо решение за сите групи, секоја општина и секое училиште треба да одлучат за најдобар и најбезбеден начин за посетување на часови.
3. Во стручните училишта, праксата треба да се изврши со физичко присуство, почитувајќи ги заштитните мерки.
4. Да се почитуваат мерките за здравствена хигиена со обезбедување на соодветни средства, вклучително сапун, рачни санитатори со најмалку 60% алкохол, тоалетна хартија и хигиенска хартија за дезинфекција.
5. Училиштата треба да се вратат во режимот за учење од далечина во случај кога различни групи или 5% од персоналот и учениците ќе излезат позитивни во 14 дена.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ