• Latest

Ромите да добијат еднаква можност за напредок и интеграција во општеството, порача Шахпаска

April 21, 2021
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Ромите да добијат еднаква можност за напредок и интеграција во општеството, порача Шахпаска

April 21, 2021 18:56
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција.

Коорганизатори на форумот се Европската комисија, Светска банка, Совет на Европа  и УНДП, а учествуваа претставници на овие институции и министри од земјите од Западен Балкан.

Шахпаска, како што соопшти ресорното министерство, посочи дека Владата и Министерство за труд и социјална политика имаат заедничка цел – еднакво општество за сите. Сите мерки и секоја политика, додаде таа,  е креирана  во насока на овозможување еднаква шанса за сите, со посебен акцент на  најранливите категории на граѓани, како што се Ромите, со цел да добијат еднаква можност за напредок и интеграција во општеството.

-Ромите се дел од сите владини мерки кои што беа донесени со цел справување со  кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД 19. Конкретно со последниот петти пакет антикризни мерки се предвидува финансиска поддршка за Роми претприемачи преку креирање „Мечинг фонд за претприемништво за Роми“. Вредноста за оваа мерка е 123 милиони денари за 2021 година, а пред сѐ е наменета за микро и мали компании коишто имаат ризици во работењето. Исто така, намерата е голем дел од оваа ранлива категорија граѓани да добие финансиска поддршка со цел формализирање на нивната дејност, истакна Шахпаска.

Министерката за труд посочи дека Агенцијата за вработување презема низа активности за зголемување на вработливоста и вработувањето на невработените лица Роми како една од ранливите категории на пазарот на трудот. Таа ја истакна соработката со УНДП како клучна  и  ја посочи  програмата „Ацедер“, која се реализира  втора година по ред, а е фокусирана на поддршка на припадниците на ромската заедница за пристап до вработување и зголемување на нивната вработливост, со главна цел да се подобри социјалната инклузија и еднаквоста на Ромите во земјата.

-Досега постигнавме одлични резултати, од 2007 година со поддршка на УНДП, над 210 нови бизниси се основани од ромски претприемачи во рамки на Програмата за самовработување, заеднички спроведена со УНДП и националните партнери, рече Шахпаска.

Министерката Шахпаска ја истакна  важноста од  активното  и рано ангажирање на локалните власти и локалните невладини организации во кодизајнирање на локалните програми, имплементирање на интервенциите на локално ниво.

-Центрите за социјална работа, преку социјалната реформа, конкретно преку case management, им овозможуваат на лицата од социјално ранливите групи полесно да се вклучат во општественото  дејствување. Преку осум ромски информативни центри, кои имаат професионално ангажирани лица во Центрите за социјална работа, Ромите своите прашања и проблеми ги адресираат институционално, посочи министерката Шахпаска.

Таа потенцираше дека преку нив се овозможуваат директни насоки и информации од Агенцијата за вработување за тоа кои активни мерки и програми од Оперативниот план можат да ги искористат и со тоа да се вклучат на пазарот на труд.

-Во 2020 година во рамки на услугата Активација на невработени Роми  и други лица во ризик од социјално исклучување 4.200 лица пристапиле до тимот на ментори  чија улога беше да ги мотивираат и редовно да ги информираат за можностите за вработување или за подобрување на нивните капацитети за вработување. Активностите со невработените лица Роми беа реализирани и преку учество на АВРСМ во имплементацијата на Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија 2014-2020, реализација на Националниот акционен план за вработување 2016-2020, проектот „Интеграција на Роми 2020“, соработка и активности со други институции и граѓански и преку учество во заеднички активности за информирање на невработените лица“, рече Шахпаска.

Според министерката, уште еден суштински играч се локалните невладини организации врз основа на тоа дека имаат единствена позиција да достигнат до најмаргинализираните и најобесправените семејства, да обезбедат персонализирана поддршка, како и да ги придружуваат ранливите во секој чекор на процесот на економско зајакнување и социјална инклузија на повратниците.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ