• Latest

Ромски семејства тужат за смртните случаи во македонските затвори

April 5, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ромски семејства тужат за смртните случаи во македонските затвори

April 5, 2018 17:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Семејствата на четирите Роми кои ненадејно умреа во македонските затвори ја тужат Управата за извршување санкции, како и Министерството за здравство, за дискриминација во нивниот пристап до здравствена нега и заштита што резултирала со смрт на членовите на нивните семејства. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) ќе ги застапува и веќе поднесе колективна граѓанска тужба пред Основен суд Скопје 2 на 29-ти март 2018 година.

Минатата година во македонските затвори поради отсуство на квалитетна медицинска нега и надзор од затворскиот персонал, починале Андриас Реџепов (21 година ), Јусинов Ердал (25 години), Суткие Мустафова (46 години), и Беким Демир (39 години).

Од ЕЦПР велат дека осудениците Реџепов и Јусинов умреле од предозирање со комбинација од метадон и бензодијазепами, иако ниту еден од нив не бил вклучен во програмата за метадонска терапија. Беким Демир наводно умрел од труење со таблети ’Празин’ откако му била дадена некоректна доза од страна на медицинскиот персонал. Суткие Мустафова умрела откако нејзините претходни здравствени компликации биле игнорирани и таа била обвинета дека ја лажира болеста, поради што персоналот ја повлекол навремената медицинската нега. За време на аутопсијата, во телото на Суткие била пронајдена висока доза на бензодијазепами.

Од ЕЦПР додаваат дека Управата за извршување санкции и Министерството за здравство се одговорни за обезбедување квалитетна здравствена нега на затворениците. Семејствата ги тужат овие институции за директна и индиректна дискриминација, бидејќи лошиот квалитет на здравствената нега во македонските затвори диспропорционално влијае на ромските затвореници.

“ЕЦПР почна да го истражува диспропорционалниот број на ромски затвореници кои умираат во Македонија откако увидовме појава на одредена шема во нашите случаи. Според податоците кои ги добивме од Управата за извршување санкции, Ромите претставуваат 16% од затворската популација во Македонија, а истовремено претставуваат и 50% од смртните случаи во затворите во 2017 година (четири од осум). Кога Беким Демир умре на 25-ти декември 2017 година, тој беше четвртиот Ром кој умрел таа година. Тогаш одлучивме, заедно со семејствата на починатите, дека мора да го изнесеме нашиот случај пред суд што е можно побрзо за да спречиме смрт на други ромски затвореници“, истакнуваат од организацијата.

„Сè што овие семејства сакаат е вистината“, вели Сенада Сали, правник од ЕЦПР, која ги застапува семејствата, додавајќи „Повеќе од нив дури не добија ниту копија од извештајот од аутопсијата. Тие се фрустрирани, сакаат да знаат зошто нивните сакани умреле и сакаат оние кои се одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата“.

Од ЕЦПР еобезбедувањето соодветна здравствена нега за затворениците, посебно за оние од ромска националност, претставува прекршување на членовите 5 и 6 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Исто така, тоа претставува прекршување на членовите 9 и 39 од Уставот на Република Македонија, членот 46 од Законот за извршување санкции и членот 2 (право на живот) во врска со членот 14 (заштита од дискриминација) од Европската конвенција за човекови права.

„Овој случај е само првиот чекор кон добивање правда за овие семејства. Позитивна пресуда со која се утврдува дискриминација од страна на властите ќе ни овозможи овој случај да го однесеме понатаму, вклучувајќи и надомест за семејствата. ЕЦПР смета дека доказите за институционално насилство врз ромските затвореници во Македонија се преголеми за да бидат игнорирани. Оваа колективна тужба, и другите случаи што се водат пред Европскиот суд за човекови права, ќе ги искористиме за да побараме промени во системот и правда за семејствата на ромските затвореници кои непотребно умреа минатата година“, додаваат од ЕЦПР.

Д. Муратов

Tags: ЕЦПРзатворпочинати осуденициРомитужбачетири семејства
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ