Јосиф Рошидовски, волонтер во Здружението за права на Ромите, организација што им пружа бесплатна правна помош на маргинализираните групи со фокус на ромската заедница, истакна дека се индентификувани 34 лица во Штип без никакви документи за лична идентификација, првенствено без извод за родени.
„Од 34 идентификувани фантоми во Штип, само 7 лица досега се упатени до управата за водење на матични книги на родени. Во моментот работиме на терен во Велес каде се идентификувани 7 лица“, изјави Рошидовски за ЦИВИЛ Медиа.
Тој истакна дека до септември, до кога и трае повикот на Владата за пријавување на овие лица, ќе успеат да постигнат резултати во нивно идентификување и обезбедување на документи за лична идентификација.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов