Во недела, на 1 октомври, во 11 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во организација на „Борка“, под мотото „Напред розово!“, по деветти пат, ќе се одржи, симболичниот марш против ракот на дојка.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да бидат дел од „Напред розово! – – Чекори против ракот на дојка’“.
„По деветти пат, заедно да чекориме… За оние кои ја водат оваа неизвесна битка…За оние чиј живот е пред огромен предизвик…И во чест на оние кои ги загубивме…“, се вели во повикот за маршот.
Во периодот од 10,30 до 11,00 часот на Плоштадот, ќе може да се купат розовите маички.
Организаторите ги повикуваат граѓан(к)ите да им дадеме сите заедно поддршка на оние кои го поминуваат овој тежок пат! Сите заедно во борбата против ракот на дојка!
Да им помогнеме да другите да победат!