На панел-дискусијата „Диво Насеље, три години потоа…“ во организација на ЦИВИЛ, како панелист учествуваше и Флорим Реџепи од Центар за интеркултурен дијалог, Куманово, кој зборуваше од аспект на сегрегацијата, која иако се смета за незначителна, сепак, за жал постои во општината.
Од позиција на граѓански активист кој работи со младите од различни етнички заедници во Куманово и чиј центар е токму во Диво Насеље, Реџепи ги истакна односите меѓу младите по 9 мај и позитивната страна што произлегла од настаните во Диво Насеље.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска