Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за осуда на седммината членови на т.н. „кумановска група“ на доживотни казни затвор, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно беа запалени знамиња на Република Македонија, јави српската државна телевизија РТС.
Според телевизијата, знамињата биле запелни на протестите во двата града поради судските пресуди, на кои биле упатени повици до „Албанците да ги бранат своите права, борејќи се против направдата нанесена од Славомакедонците“.
РТС наведува дека во палењето на македонското знаме во Гњилане учествувале и членови на навивачката група „Јастреби“.
Кривичниот суд во Скопје денеска им изрече седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години затвор, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди на обвинетите за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.