Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имало мешање на Русија и веројатно и други земји во американските избори во 2016 година, како и дека Вашингтон ќе го спречи секој обид за мешање во овогодишните избори за Конгресот на САД.
– Па, Русите немаа никакво влијание на нашите гласови, но сигурно имало мешање и веројатно и други земји и можеби поединци исто така се мешале, изјави Трамп на заедничка прес конференција со шведскиот премиер Стефан Левен.
– Ние изготвуваме многу длабока студија и ќе излеземе со некои многу силни сугестии во врска со овогодишните избори… Ќе се спротиставиме на што и да прават и тоа многу цврсто, изјави Трамп.
Трамп додаде дека за овогодишните избори, државите треба да предвидат резервни опции за гласање со хартиени гласачки ливчиња. – Тоа е старомодно, но секогаш врши работа, рече тој.
Стефан Левен изјави дека шведската разузнавачка служба напорно работи на заштита на изборниот систем на Шведска и ја попречува странската пропаганда.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.