Од целосната руска инвазија, украинските спроведувачи на законот регистрирале 29.194 злосторства на агресија и воени злосторства, извршени од Руската Федерација, вклучувајќи 1.146 само во текот на минатата недела, објави ажурирани податоци Јавното обвинителство, објави Укринформ.
Бројот на регистрирани злосторства на агресија и воени злосторства, извршени од Руската Федерација, достигна 29.194 (+1.146 во текот на минатата недела).
Исто така, евидентирани се 13.593 кривични дела против националната безбедност (+499).
Според ПГО, како резултат на руската агресија во Украина, загинале 362 деца, а 716 биле повредени.
Европската унија доставила информации до Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг, како дел од случајот во кој Украина ја обвинува Руската Федерација за заговор за акти на геноцид среде војната.
Подготви: Д. Мишев
Прочитајте и:
Линк до фотографии (предупредување: вознемирувачка содржина)
Линк до видео (предупредување: вознемирувачка содржина)