• Latest

Разгледница од пеколот на Земјата

April 5, 2022

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Разгледница од пеколот на Земјата

По ослободувањето на повеќе гратчиња и села во областите Кијив, Харкив, Чернихив, Мариупол...

April 5, 2022 08:48
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мртви и недогорени тела на пет голи жени на асфалтот на автопатот Житомир, покриени со автомобилски гуми, црн најлон и светлозелена кабаница.

Буча, Ирпин, Мила, Тетерев, Мотижин, Иванкив, Гостомел… Гратчиња и села во областите Кијив, Харкив, Чернихив, Мариупол…

Запалени и згмечени автомобили со изгорени тела. Детска кукла под тркалото на изрешетан автомобил. Тела на стрелани луѓе, некои со врзани раце, деформирани и изгазени од тенкови и тешки воени возила на улиците.

Луѓе на своите велосипеди, застрелани, паднати среде улица.

Еден повозрасен маж, застрелан на улица, со главата потпрена на тротоарот, нога преку нога, како да се одмара. Многу други тела. Како во морбидна дистопија, изгледа како да заспале луѓето на улица.

Полугол маж, убиен и фрлен во шахта.

Празни колички за лица со посебни потреби, меѓу уништени автомобили.

Се нижат уште фотографии и снимки на деформирани, здробени тела. Некои се искасапени.

Хумки со импровизирани крстови во дворовите. На една фотографија во Гостомел се гледаат два крста. На друга, во Буча, има шест крстови.

Две тела, од кои едното веројатно на дете, изгорени до непрепознавање, исползени од запалениот автомобил на автопатот. Други, што успеале да излезат, застрелани на неколку чекори од автомобилот пред да експлодира. Трети, јагленосани.

Групни и поединечни егзекуции. Систематска тортура, убиства и силување.

Цели семејства, застрелани во подрумите. Човечко месо и искршени коски во распаѓање. Жртвите биле на колена, застрелани на лице место – мажи, жени, деца, старци – не се бирало.

Испреплетени тела, само набрзина запретани со песок или земја. Една розова детска папуча стои како украс, веднаш до помодрена рака што „извира“ од свежо затрупаната јама.

Мртви тела, некои соголени, расфрлени заедно со отпадоци и искршени предмети во дворовите.

Масакрирани животни.

Пресретната комуникација во која мајки и сопруги ги охрабруваат своите машки „херои“ да убиваат и ограбуваат. Сѐ е воен плен – облека, накит, пари, гориво, машини за перење, моторни пили, огревно дрво, секири…

Една 31-годишна жена силувана и тепана по лицето и телото. Рускиот „херој“ ја терал да седи гола, претепана и силувана, на столчето во студената училница во училиштето близу Харкив. Со нож ја сечел по лицето и вратот. Ѝ отсекол и дел од косата. Го потсетувала на школска другарка, ѝ се „доверил“. (според извештајот од сведочење објавено од Хјуман Рајтс Воч)

Десетгодишно девојче со тешки повреди на вагината и анусот, тепано по целото тело, силувано и убиено.

Сликите се нижат понатаму…

*

Пекол на земјата. План: Сделано в России.

*

За тоа време… Светот во шок и неверување ги проследи сведоштвата од крвавиот погром на руската војска врз цивилите во Украина. Полни усти со осуда за бруталната агресија и убивањето цивили.

За некој ден, тоа ќе биде само уште една „збирка“ со злосторства што ќе се качи на полиците на човечкото помнење. На „полицата“ веќе се напластува валкан слој на лаги и негирање дека такво нешто се случило.

Што може да се очекува? Се знае, светските политичари „мудро“ ќе ги отворат ушите и очите за „двете страни“ – злосторниците и жртвите. И ќе трагаат по „дипломатско решение на спорот“.

*

ПС. Овој текст е наменет за оние што, од различни причини, не сакаат или не можат да ги видат визуелните докази за крволочноста на руската војска во Украина. Фотографиите и снимките што ги прегледав деновиве и дел од нив се обидов да ги преточам во зборови се подложени на строга проверка. Бегањето од вистината нема да ги избрише злосторствата и нема да го врати времето. Злосторниците и тие што ги правдаат засекогаш ќе останат втиснати во сеќавањето на човековата цивилизација.

*

Линк до фотографии (предупредување: вознемирувачка содржина)

Линк до видео (предупредување: вознемирувачка содржина)

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ