• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026 16:20
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Топло лето и високи температури не е нешто кое е изненадувачки за граѓаните на Македонија. Не се изненадувачки ниту зачестените интерпретации за состојбите во заедницата. Многу анализи има, а би било изненадување да се читаат малку подолу од поднасловот на првата шлајфна.

Не е изненадување да се прави ребаланс на буџетот на средина од фискалната година. Не е изненадување да се прави реконструкција на владата на половина од нејзиниот мандат. Ништо веќе не може да ги изненади граѓаните. Би ги изненадило да не е според опишаниот редослед. а позитивните сигнали за подобро утре да се некаде видливи на хоризонтот.

Целата заедница составена од разни етнички и други различности и сличности како да се наоѓа во состојба на некакво исчекување, да се случи нешто што ќе ја промени ваквата неподнослива леснотија на процесите кои не даваат резултати. Како да сме во процес на очекување вештачката интелигенција да ни донесе решенија а во меѓувреме ја губиме нашата природна интелигенција за да разликуваме добро од лошо.

Веќе не умееме и да сакаме, да разбереме до каде е реалната политика, а од каде е политичка пропаганда. Во опозиција, партијата која сега ја води државата на сите нивоа, наметна реторика која лесно ги подгреваше страстите на граѓаните зашеметени од разните експертизи и анализи на експерти и сезнајковци.

Кога така ќе се постават вредностите, се ставаат двете нозе во една чевла. Едната нога е омразата кон политичкиот противник кој, обележан како издајник и криминалец, не може да биде прифатен како партнер во парламентарната дебата и другата нога е висината на очекувањата кои се даваат во опозиција, а нивната реализација е скоро невозможна. Еклатантен пример е министерот за земјоделство кој го посети секое село како партиски функционер задолжен за тој сектор. Кога дојде на власт се судри со ограничувачките состојби отежнати од интересите на разните прекупци и накупци и својата активност ја сведе на делење субвенции за кои сè помалку има пари во буџетот. И да имаше добра намера, во што сакам да верувам, мангупите околу него и состојбата на две нозе во една гумена чизма не му дозволија да исчекори.

Иста е состојбата и со надворешната политика. Наместо резултати од ветената политика на промена на посочените документи кои ги оцени како штетни, а ги потпиша претходната влада, сега ќе се нагледаме на леснотија на ветувањата дека можеме да издржиме повеќе одошто нашите непријатели можат да нè напаѓаат. Таквата неинвентивност во формулирањето политика и извесноста на нејзината реализација за придвижување напред на процесите, едноставно ме депримира. Колку ли пати досега за овие 40 години ја имам слушнато од политичките екипи на Балканот? Со какава леснотија се прокламираат таквите политики и веќе не ми е чудно, но неподносливоста во прифаќање од страна на граѓаните е вистинската адреса за психијатриско истражување и дијагностицирање.

Колку ли лесно се ветуваат економски реформи. Додуша, економистите како струка се сведоа на толкувачи на статистичките податоци и преведување на стручни трудови од светските реномирани изданија. А колку тие погрешија во прогнозите за економските и финансиските текови, ееее… Како да се натпреваруваат да предвидуваат состојби кои се нарачани од врвовите на светските фондови и компании, да се користи стравот како средство за манипулации и екстра профити. Затоа сега излезот се бара во воената индустрија која според дефиниција најбргу донесува резултати потребни за стабилизација на негативните трендови во економијата. Останува само да се одговори на прашањето – оружјето за што се користи?

Ние не можеме да влијаеме на економските текови, ама можевме  со даночни мерки да почнеме да се одлепуваме од транге-франге економијата која е заснована врз потрошувачката и државниот буџет полнет со кредити.

Затоа, сега ќе се расправаме дали ребалансот значи развој или соочување со лошата кондиција на буџетот. Колку само е во право министерката за финансии кога ја објаснува расходната страна и буџетскиот дефицит. Вели, се работи за живи луѓе кои чекаат да им се помогне со средства од буџетот. Е сега, тоа што приходната страна не е доволна за такви расходи, не е наше дело, туку структурна аномалија на економијата и јавните средства собрани од неа. Знае министерката дека растот на платите во администрацијата образованието, правосудството, здравството… нема да донесе квалитативен скок туку само ќе ја зголеми буџетската дупка кој ќе се полни со задолжување. Знае, ама и двете нозе ѝ се во една чевла со висока штикла.

Вистинскиот одговор е во реформирањето на државниот апарат без одлагање и политички калкулации за повеќе гласови. Ама пак се враќаме кај чевелот во кој ни се двете нозе. Леснотијата на ветување донесува обврски за следните избори а капацитетот на државата и нацијата не е доволен за нивно исполнување. Затоа нема да има исчекор, туку ќе има ребаланси и реконструкции на владата, а ќе се користат разни алатки за подгревање на разни популистички страсти за да се замаскираат состојбите.

Прашање е колку многу ќе оглупавеме и ќе станеме неодговорни зомби суштества чекајќи – Вештачката Интелигенција, Европа, Трамп, или некоја друга сила да ни ги реши проблемите.

 


Војо Маневски е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ