• Latest

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026 19:01
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Војо Маневски

Веќе не сум сигурен што е тоа што би го напишал како анализа за реформите во нашава држава. Истото тоа што го пишував и пред деценија и повеќе, важи и денес. Се ѐ исто само датумот е друг.

Веројатно бројките се различни, но суштината останува иста. Тоа е горе доле во сите сегменти на државата. Во економијата дури ниту перспективите не се исти. Сите анализи покажуваат дека фискалниот простор е веќе многу мал. Во превод, тоа значи дека немаме доволно пари за функционирање на државата а камоли за забрзан раст и развиток. Се намалува и нашата можност за задолжување бидејќи сме на работ од презадолженост. Сѐ е исто и тоа секоја година. Се најавува амбициозен буџет и кон средината на годината мора да се прави  ребаланс, затоа што приходната страна не се реализира со темпо кое е планирано . И што и останува на располагање на владата и монетарните власти? Ако има зголемена инфлација Народната Банка ја зголемува референтната камата за да го намали количеството на пари во оптек. Владата, за да ги продолжи започнатите или ветените проекти се задолжува на меѓународниот или домашниот пазар. Што има различно во постапките на било која влада веќе една деценија? Тоа покажува дека не се работи за капацитетите на владата туку за капацитетите на општеството во целина.

За колку-толку да функционира системот, мора да се земаат кредити. Штом се земаат надворешни кредити, просторот за водење некаква конзистентна надворешна политика се стеснува до состојба кога на нас се гледа само низ призмата на должник кој треба да се одржува во живот за да ги врати кредитите.

Задолжувањето на домашниот пазар е уште поголема кочница за подлабоки економски реформи. Секоја реформа значи навлегување во нечии воспоставени интереси. А кога зависиш од кредити како ќе повикуваш на поевтини пласмани на капитал во приватниот сектор? Вака на банките им се исплати да купуваат домашни записи кои впрочем скоро секогаш се поголеми од оние што се враќаат во моментот на нивната доспеаност. Значи, долгот се зголемува и зависноста се зголемува.

Само еден акутен пример. Становите се прескапи за обичните граѓани. Кој тогаш ги купува по такви цени и од каде му се средствата? Ќе се советуваат ли банките да го пренасочуваат капиталот во производството или ќе продолжат да даваат кредити за станови на 30 години? Тешко во овој момент ќе го прифатат овој совет, иако сите во државата знаат дека балонот за цените на недвижностите се движи по работ на исплатливоста.

Може ли државата да помогне со даночната политика? Може, ама дали има моќ е прашањето? Да ги зголеми даноците на сите што не живеат во тие станови. Или ако веќе некој поседува повеќе станови и ги купил за издавање, тогаш да се интервенира во даноците за наплатените кирии.

Ако стане неисплатливо да се купуваат станови и вложените средства се во опасност, тогаш понудата на пазарот ќе се зголеми и според правилата на пазарот, цените ќе паднат. Ова го знае секој студент на трета година на економскиот факултет. Тогаш зошто владата не направи такви реформи? Затоа што не се важни граѓаните на кои им треба стан, туку капиталот на инвеститорите кој мора да се зголемува. А инвеститорите се поддржувачи на владата за да ги чува нивните интереси. А тоа зошто гласаме како што гласаме не можам да разберам, а веројатно тоа е поврзано со мојата просечност во анализите и донесените заклучоци.

Велиме дека партиите вакви какви што се, веќе се препрека за подлабоки реформи поради нивната клиентелистичка структура.

И што со таа констатација? Кој сака нека дојде на чело на водечките партии и колку сака нека има демократски идеи и намери, ќе се судри со затворен круг на интереси кои не може да ги промени. Она што може да го прави е да ги менува клиентите околу себе за да му бидат верни во борбата со оние што пред тоа биле на такви места. Го гледавме тоа и досега, а нема назнаки дека нешто ќе се промени во некоја од водечките партии.

Затоа, имаме едни ставови во опозиција, а други кога ќе се освои власта. Граѓаните нека се запрашаат дали има разлики меѓу нив.

Секој дел од општеството е зафатен со сплет на мрежи од интереси и цврсто се опстојува на нив. Затоа, реформите во правосудната сфера никако да почнат.

Слушаме деновиве за обвинителот Ислам Абази дека бил под директна контрола на Али Ахмети. Ако не ме лаже сеќавањето, имаше избори за тоа место каде гласаа сите обвинители. Ај да гласале за него во Гостивар, ама за него со големо мнозинство гласаа и обвинителите од Штип. Имаат ли и тие некаква одговорност за својот избор ако сега се пласира тезата дека бил поставен, а не избран.

Што е она за што во демократските кругови во Европа се дискутира веќе неколку години. И тие имаат слични проблеми со партиите кои стануваат друштва со сопствен интерес кој го ставаат пред државниот?

Излезот се гледа во поставување на општествени и државни цели како општествен консензус околу кој се собираат поединци, здруженија и политички партии. Остварувањето на таа цел ја прави можна коалицијата и резултатите се амалгамот за нејзиното постоење. Затоа традиционалните партии во Европа полека го губат својот кредибилитет и имаме појава на низа на нови политички сили. Притоа, засега најголем број се со десна ориентација, што се толкува како одговор на спороста на либералните решенија. Ова само како ментална гимнастика го пишувам, зaшто многу вода ќе протече низ Вардар додека почнеме самите да се реформираме за да имаме општествени реформи. Ако остане нешто да се реформира?

 


Војо Маневски е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ