Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека Русија најверојатно ќе остане на дипломатски пат со Киев и Западот најмалку во следните две недели, но ќе продолжи да се обидува да ја дестабилизира неговата земја.
И покрај тоа што ги собра своите воени сили во близина на украинската граница, Русија во неколку наврати изјави дека не планира да ја нападне Украина.
-Ништо не се промени, што е лошата вест, рече Кулеба на прес-конференција во Копенхаген по преговорите во Париз за безбедносните прашања помеѓу на Русија и дипломатите од Украина, Франција и Германија.
„Но, добрата вест е што советниците договорија средба во Берлин за две недели, што значи дека Русија најверојатно ќе остане на дипломатскиот пат во следните две недели“, додаде Кулеба
Цивил медиа предходно ги објави колумните од Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба „Украина нема да прифати обиди за решение на сметка на националниот интерес“ и „Безбедноста на Украина е безбедност на Европа“.