Русија го поставува таканаречениот информативен балон пркосејќи му на фактот за геноцидот на Украинците во Буча. Ако корисниците бараат „Буча“ на рускиот Yandex, пребарувачот ги прикажува предвоените фотографии од градот, објави Центарот за спротивставување на дезинформации при Националниот совет за безбедност и одбрана, пренесува Укринформ.
„Еден пример се резултатите од пребарувањето за „Буча“ на Google и Yandex. Навистина, Google прикажува информации за уништениот град и луѓето мачени до смрт, додека Yandex прикажува само предвоени градски пејзажи. Така изгледа руската пропагандна вистина“, пишува во извештајот.
Ирпин, Буча, Хостомел и целиот Киев неодамна беа ослободени од руските освојувачи. Во ослободените населени места се забележани масовни убиства на цивили од страна на окупаторските сили.
Во областите веќе се откриени тела на силувани жени, речиси целосно изгорени, убиени претставници на локалната власт, убиени деца, старци и возрасни мажи. Многу тела имаат траги од тортура и им се врзани рацете. Многумина беа застрелани од непосредна близина.
Д.Мишев