Театарот на Мариупол, во кој се верува дека биле скриени околу 1.000 цивили, беше уништен во воздушен напад на руската армија денеска, 16 март. Театарот служеше како засолниште во кое цивилите се криеја по огласувањето на сирените за воздушен напад. Зградата на театарот е уништена и не се знае бројот на жртвите, а во моментот на нападот, во театарот биле засолнети само жени и деца. Се претпоставува дека има стотици жртви.
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, го нарече најновиот напад на руските агресори „ужасно воено злосторство“.
Претходно, руските сили го погодија и породилиштето во градот, на 9 март.