Руски агресори киднапираа четворица новинари во Мелитопол, соопшти Националниот синдикат на новинари на Украина на Телеграм, пренесува Укринформ. Според соопштението, на 21 март, вооружени лица дошле во домот на новинарите на МВ холдинг – издавачот Михаило Кумок, уредничката Јевхенија Боријан и новинарите Јулија Олховска и Лиубов Чајка – и ги одвеле во непознат правец.
Катерина Данилина-Левочко, новинарка од Запорожје и дописник на информативната куќа Индастриал Запорижиа, исто така, го пријави киднапирањето. За киднапирањето на нејзиниот татко на социјалните мрежи пишуваше и Тетијана Кумок, ќерката на Михаило Кумок.
Подготвил Д.М.