• Latest

Руски рулет за Мицкоски

December 24, 2023

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC news Australia

Десетици баратели на помош меѓу 82-те лица убиени во израелските напади врз Газа вчера; На децата им се заканува смрт од жед

June 21, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин вели „Украина е наша“, од Кијив одговорија дека тоа е само доказ на рускиот презир кон мировните напори

June 21, 2025
Ирански ракетен напад на Тел Авив. Фото: Скриншот, Ал Џезира

Иран и Израел разменија нови напади откако Техеран ги отфрли нуклеарните преговори

June 21, 2025

Трамп вели дека е многу тешко да се побара од Израел да престане со бомбардирањата во Иран

June 21, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ ги објави првите 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

June 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Економист: „Балканскиот насилник“ Вучиќ е „на колена“

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Британскиот парламент гласаше за „потпомогнато умирање“, отворајќи пат за историска промена на законот

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Руски рулет за Мицкоски

December 24, 2023 16:49
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ

Недипломатските изјави на американската  амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, но и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без  задолжителната  фина дипломатска обланда, со која во стилот на „ти кажувам ќерко, сети се снао“, постојано укажувале на тоа што нашите политички  елити   треба  да направат , особено во сферата  на надворешната политика , за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува   само на едно: дека на ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука , за да ја прекине „играта“ која ја игра лидерот на нашата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, имено докторот даскал Христијан  Мицкоски.

Најпросто  објаснето со неколку реченици, станува збор за борба на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското), и тие таа борба немилосрдно и бескрупулозно  ќе ја водат до крај , макар да треба пак да  пребаруваме  тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.

Американците губат битки, но војната, на крајот – секогаш ја добиваат!

Политичката  криза во соседна Бугарија, де факто претставуваше борба до истребување на американското со руското влијание во оваа наша соседна земја, битка која беше фаталистичка до крај. За во моментов, да победат Американците, односно да се спроведуваат нивните интереси  таму, но се наполно свесни, дека Бугарија и покрај тоа што е полноправна членка на Европската унија и НАТО, како поранешна  комунистичка држава-членка на Варшавскиот пакт, подружница на советски Кремљ на Балканот, метастазираните руски нагазни мини во безбедносно – разузнавачкиот, политичко-полицискиот живот на бугарската политичка и општествена сцена, и тоа како се силни.

Како што кај нас се силни, тие на подземен Белград, како наследство  во мираз од поранешната заедничка федеративна држава , под чиј команден центар бевме формално-правно до 1991, а во реалноста и до ден денеска, цели 32 години по прогласувањето на независноста на Македонија. Напросто: неизгласувањето на уставните измени за влез на Бугарите во Уставот, како услов без кој не се може да се продолжат ефективно и ефикасно  европреговарачките поглавја, и Македонија после 18 години застој конечно да тргне напред во интегративниот процес, не е бранење на македонскиот национален интерес, туку одбрана на српскиот свет во државата, како специфична карактеристика на рускиот таков, овде и на Балканот.

Постојано во своите фејбук писанија, тоа, поранешните пратеници во македонскиот парламент Ивон Величковски и Никица Корубин, го елаборираат со хируршка прецизност, го портретираат  повеќе од три децении,  дека поставените марионети на подземен и надземен  Белград кај нас во политичките партии, безбедносно-разузнавачките служби  особено, но и во академските сфери, бизнис-олигархијата најизразено, во медиумскиот сектор и да не збориме, се всушност „држава во држава“, и токму таа „држава“ не кочи нас како граѓани и општество, Македонија како земја, да направи еволутивна европска промена и да зачекори кон ЕУ, со надеж дека еден ден ќе постане нејзина полноправна земја членка.

Мене ми е навистина жал и тажно, што опозициската  ДПМНЕ, цели  33 години, од нејзиното основање како антијугословенска и антисрпска партија, која го рушеше условно кажано комунизмот кај нас, стана идеолошка карикатура, во рацете на тој подземен и олигархиски  Белград.

И на Будимпешта, командувана од Москва.

Партијата која се гордее дека е славна наследничка на историската страв и трепет за Србија, српскиот крал и двор, организација од крајот на 19-тиот и првата половина на 20-тиот век, денес е инструмент во рацете на српскиот официјален двор. И на патетичниот, нарцисоиден, со дијагноза на психички растроена подвоена личност „крал“ таму! На кој му прават официјални пречеци на годишнините од Зебрњак или од Брегалничката битка. Но тоа е веќе тема за поширока елаборација и стручна медицинска анализа за кое треба повеќе време и простор од една обична колумна.

Ќе се извлечеме ли од српско-рускиот свет!?

Да се сосредоточиме на актуелниов даден политички миг и моментум, кој го пропуштаме. Јас навистина не знам, ниту ме интересира дали лидерот на опозицијата е навистина луд ( психијатриски), пијан или дрогиран, или двете заедно, но човекот е навистина нетокму ако мисли дека со противењето на Американците за  изгласување на уставните измени има светла животна или политичка иднина.

Примерот од неговиот претходник, кој е избеган  како најголема птичка под кошула и кукавица на бреговите на реката  Дунав, во Будимпешта.  може да му послужи како своевиден егземплар што го чека, ако оди против  нив. Во најмала рака. Да не се стигне до паднати авиони крај Мостар. Бог да  чува. И да не даде!

Но тоа е реалноста, и тоа се состојбите за секој кој се обидел да оди против интересите на тие кои од своите даночни  обврзници  истуриле стотици милиони евра во капацитетите на нашите институции на системот, надевајќи се дека ќе ги направат модерни, функционални и европски. За „нашиве“ да ги направат криминални, корумпирани, со српско-руска засмрденост на тотално распаѓање и крахирање.

Е, не иде тоа така!


Текстот е личен став на Авторот.  

Извор: НоваТВ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ