• Latest
Фото: Телеграм

Руски воени злосторства: Убиен цивил во окупираното село Новоолексиивка, егзекутирани двајца заробени украински војници во регионот Курск

November 11, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руски воени злосторства: Убиен цивил во окупираното село Новоолексиивка, егзекутирани двајца заробени украински војници во регионот Курск

November 11, 2024 16:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Телеграм

Фото: Телеграм

Share on FacebookShare on Twitter

Руските окупатори убиле цивил во привремено окупирано село во близина на Селидове, регионот Доњецк, соопшти Јавното обвинителство, пренесува Укринформ.

„На 11 ноември, канал на Телеграм објави информација во врска со наводното убиство на цивил од страна на персоналот на руските вооружени сили во областа Покровск“, се вели во објавата.

Според извештаите на медиумите, ова злосторство се случило по привременото заземање на селото Новоолексиивка, кое се наоѓа во непосредна близина на Селидове.

На објавените фотографии се гледа тело на маж кој лежи на патот покрај разурнати приватни куќи.

Фото: Телеграм
Фото: Телеграм

Во тек се итни истражни дејствија и претреси за проверка на информациите, утврдување на сите околности на злосторството и идентификација на жртвата на руската армија.

Окружното обвинителство во Покровск започна предистражна постапка за воено злосторство што резултираше со смрт на поединец (Дел 2 од член 438 од Кривичниот законик на Украина).

Предходно, на 10 ноември , според Укринформ руската армија убила двајца жители на областа Донецк.

Во уште едно воено злосторство, руската војска егзекутирала двајца заробени украински војници во регионот Курск.

Како што пренесува Укринформ, комесарот за човекови права на Врховната Рада Дмитро Лубинец, повикувајќи се на извештаи што се појавија на социјалните мрежи, објави на Телеграм дека се претпоставува дека руските напаѓачи застрелале најмалку двајца невооружени украински воени затвореници во областа Курск.

„Воените затвореници мора секогаш да бидат заштитени, особено од акти на насилство, но Русија уште еднаш изврши воено злосторство, што е сериозно кршење на Женевската конвенција и меѓународното хуманитарно право“, изјави омбудсманот.

Лубинец испрати писма во врска со ова злосторство до ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Тој нагласи дека меѓународната заедница мора веднаш да одговори на овој чин на суровост за да се запре агресијата на Русија.

„Уште колку животи треба да се изгубат за светот да дејствува? Русија мора да одговара за секое злосторство и секој скршен живот“, нагласи Лубинец.

Лубинец предходно, на 9 ноември, преку Телеграм објави дека руските сили наводно егзекутирале веројатно ранет украински воен заробеник, пренесува Укринформ.

„Напаѓачите не покажуваат граница на нивниот цинизам и суровост! Русите егзекутираа невооружен, најверојатно ранет украински војник. Тие го снимија ова злосторство, а видеото сега кружи на интернет“, изјави Лубинец.

Како одговор на овој инцидент, Лубинец испрати писма до Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) и Обединетите нации барајќи од нив да преземат акција.

„Ова е кршење на Женевските конвенции, меѓународното хуманитарно право и законите и обичаите на војната. Доколку нема одговор на ова, таквите злосторства ќе продолжат да се случуваат. Неказнетиот зло секогаш се враќа“, нагласи Лубинец.

Како што објави претходно Укринформ, полициските службеници идентификуваа тројца украински бранители кои беа застрелани од руските војници во близина на селото Вишневе, регионот Донецк, на 1 ноември.

Украина во моментов истражува 49 случаи поврзани со убиство на 124 припадници на украинските вооружени сили кои им се предале на руските сили.

Драган Мишев

Tags: егзекутирани воени заробеницируски воени злосторства во Украинаубиени цивили
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ