ВЕСТ НА ДЕНОТ
Рускиот гас продолжи да тече кон Европа и покрај крајниот рок на Путин
Русија дозволи гасот да продолжи да тече кон Европа во петокот и покрај крајниот рок купувачите да платат во рубли или да бидат прекинати, а мировните преговори продолжија, при што Москва рече дека ќе одговори на украинската понуда, пренесува Ројтерс.
Наредбата на претседателот Владимир Путин за прекинување на купувачите на гас освен ако не платат во рубљи од петокот предизвика тревога во Европа, каде што се сметаше за најсилната карта на Москва за да се одмазди за финансиските санкции на Западот. Германија, најголемиот купувач, го отфрли барањето како „уцена“.
ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ
Рамчиловиќ: Лоша порака е тоа што во Собрание пратеникот Лефков ме нарече „религиозен екстремист“
Шабани: Имплементацијата на „Едно општество за сите“ мора да започне од првата алка, а тоа е наставниот кадар
Ризински: Потребно е менување на перцепцијата и издигнување на интеркултурализмот
Кариман: Политиката треба повеќе да се посвети на човековите права отколку на малцинските
Јовановска: Здравствените услуги треба да бидат достапни за сите без разлика на етничката припадност или социјалниот статус
МУЛТИКУЛТУРА
„Мулти-култи бриф“ на ЦИВИЛ на кој ќе се објават информации за активностите во текот на изминатата недела што се дел од иницијативата на ЦИВИЛ „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
ЦИВИЛ ја промовира Фејсбук страницата Акција против дискриминацијата (ReAct Against Discrimination), како дел од иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
Ајде сите заедно да работиме на промоција на мултикултурализмот, еднаквоста и недискриминацијата. Ова е страница за сите прогресивни и светски фаци. Лајкнете, споделете, напишете ни порака со сугестија, краток текст или селфи видео/фото со позитивна порака за поддршка на нашите иницијативи – објави ЦИВИЛ.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
„Во врска со антихероите. Сега немам време да се справувам со сите предавници. Но, постепено сите ќе бидат казнети. Затоа поранешниот началник на главниот оддел за внатрешна безбедност на Службата за безбедност на Украина Наумов Андриј Олехович и поранешниот шеф на Канцеларијата на Службата за безбедност на Украина во областа Керсон, Криворучко Серхи Олександрович повеќе не се генерали“, истакна Зеленски.
Во Украина загинаа вкупно 1.232 цивили, од кои 250 мажи, 176 жени, 18 девојчиња и 36 момчиња, како и 58 деца и 694 возрасни лица чиј пол сè уште не е познат.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека „напад врз складиште за гориво не создава добри услови за продолжување на мировните преговори“, пренесува МИА.
Денис Прокопенко, командантот на Азовскиот полк, кој моментално го брани украинскиот пристанишен град Мариупол, изјави дека не верува во ефективноста на преговорите со Русија, јавува дописникот на Укринформ.
Новата рунда преговори меѓу Украина и Руската Федерација сега е во тек во формат на видео конференција, изјави член на украинската преговарачка делегација, советник на шефот на кабинетот на претседателот, Михаило Подољак, пренесува Укринформ.
Велика Британија и нејзините сојузници се согласија да испратат повеќе воена помош за Украина за да и помогнат во одбраната од руската инвазија, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, пренесува Ројтерс.
ФЛЕШ ВЕСТИ
МИНИМАЛНА ПЛАТА Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава, информираат од владината прес служба.
ПОЛИТИКА До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас во земјава, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој не верува дека би имале некаков проблем во делот на топлинската и електричната енергија при евентуална одлука на Руската Федерација да се плаќа природниот гас во рубљи од страна на „непријателските држави“, пренесува МИА.
ПОМОШ Од УЈП информираат дека од денеска може да се аплицира за добивање финансиска помош за исплата на минималната плата. На веб-страната на Управата, веќе е поставен софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.
ПОПИС Европската комисија не ги доведува во прашање резултатите и методологијата на пописот во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.
ДИСКРИМИНАЦИЈА Комисијата за заштита од дискриминација врз основа на законот има обврска да препорача начин за отсранување на дискриминацијата. И истата од Министерството за образование и наука бара да постапи и да ја отстрани повредата на правото на еднаквост во рок од 3 месеци и за тоа да ја извести Комисијата. Односно МОН преку Педагошката служба да ги отстрани несоодветните содржини во учебниците по Историја кои се однесуваат на Бошњаците и Босна и Херцеговина.
СЛОБОДНА ЗОНА
Цивил Медиа во текот на викендот ги обновува активностите – Видео викенд на Цивил.
Во текот на викендот очекувајте голем број видеа, како нови, така и малку постари, но се уште извонредно актуелни. Следете нè на нашиот Јутјуб канал и на нашата фејсбук страна, гледајте видеа и размислувајте како да се вклучите во активностите.
Д. Муратов












