• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Рускиот модел на хибридни закани врз Македонија е различен од оној кон Западна Европа, пристапите и инструментите се повеќебројни

August 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025

Тивкото освојување на Северна Македонија: анализа на Џабир Дерала на англиски јазик

September 9, 2025
Фото: Фејсбук на Ивица Томовски

Сите службени возила добиваат црвени таблички и задолжително брендирање пред изборите

September 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Украинскa бегалка избодена до смрт во Северна Каролина, осомничениот уапсен и обвинет за убиство, Трамп го нарече нападот „ужасен“

September 9, 2025

„Сите за Палестина“ на протест пред МНР: Стоп за македонскиот молк за геноцидот во Газа

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Рускиот модел на хибридни закани врз Македонија е различен од оној кон Западна Европа, пристапите и инструментите се повеќебројни

August 12, 2025 11:42
in АКЦЕНТ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на моделот на хибридните закани на Русија кон Македонија, пристапите се многу динамични и разновидни. Најпрво самата Македонија не е повеќе цел на хибридните закани, пред сѐ, затоа што во многу аспекти на дејствување руските хибридни закани се успешни во Македонија и сегашната цел на Русија е одржување на достигнатата состојба – успеси и нивна експлоатација во однос на реализација на следните цели кон соседите, односно кон јужното крило на НАТО, пишува Проф. д-р Оливер Андонов од Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во првиот дел на оваа значајната анализа „РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)“.

Резултатот на ваквиот пристап кон Македонија е лесното пласирање на дезинформации и лажни вести во медиумскиот простор на Македонија и посебно на социјалните мрежи. Буквално преплавување со анти-НАТО и анти-ЕУ постови на разни лажни и реални профили. Создавање на превртена слика за вистинската улога и поддршката на НАТО, САД и ЕУ на Македонија до степен на владино обвинување кон ЕУ дека го уништува македонскиот идентитет. Па сѐ до отворен дипломатски конфликт со Бугарија заснован врз намерно креирани дезинформации чија цел е дополнително ослабување на довербата помеѓу сојузниците во јужното крило на НАТО. И токму овој став како повторена приказна и на мејнстрим медиумите од страна на премиерот се пласира во контекст на загрозеност на Македонија, особено на македонскиот идентитет и тоа од страна на ЕУ, а поттикнато од Бугарија. Дури и тенденциозното отворање на затвореното таканаречено „македонско прашање“ и тоа од страна на премиерот на Македонија како божемна стратегија за докажување на бугарските тенденции за непризнавање на македонскиот идентитет и јазик е еклатантен пример на моделирање и пристап на хибридните закани од страна на Русија.

Во исто време и од Бугарија под влијание на руските политички тенденции за создавање конфликт во јужното крило на НАТО, поедини политички групации излегоа токму со антимакедонски ставови, кои во македонската јавност дадоа потврда на ставовите на Мицкоски, посебно затоа што тие ставови беа интензивно медиумски употребувани во македонскиот медиумски простор, пишува професорот Амдонов.


Акцент од анализата на проф. д-р Оливер Андонов  „РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)“, објавена на ЦИВИЛ Медиа на 11 август 2025 година.

 

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Оливер АндоновРускиот модел на хибридни закани врз Македонија
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ