Вечерва Одеса се соочува со кошмар. Руски беспилотни летала камикази намерно гаѓаа станбени згради, трговски центар и претпријатија. Меѓу повредените има и млада девојка до 18 години, пренесува фејсбук страната Meanwhile in Ukraine.
Окупаторите ја сменија тактиката – сега лансираат беспилотни летала во масивни бранови за да ја совладаат воздушната одбрана и мобилните единици. Овие дронови нуркаат од 2.000 метри за прецизни удари, предизвикувајќи разорно уништување. Ова е чист терор – насочен само кон убивање, уништување и ширење страв.
Улиците на Одеса се претворија во огнен пекол. Епицентарот е пламен, куќите горат, а експлозии одекнуваат низ градот. Жителите очајнички бегаат од пеколот во потрага по безбедност.
Извештаите покажуваат дека уште еден бран од околу 10 дронови се упатува кон градот.
Од минута во минута се зголемува бројот на жртвите…
Вака изгледа руската желба за постигнување траен мир.
Драган Мишев