Војната во Украина продолжува со сите средства, Руската Федерација ја смени тактиката како да манипулира со јавноста и другите засегнати страни низ ЕУ.
ЕУ минатата недела ги осуди активностите на Русија за манипулирање со информации во земјите на ЕУ, како и на Балканот. Официјални претставници на ЕУ постојано го обвинуваат Кремљ за несоодветни дејствија со тенденции за дестабилизација на Европа.
Во соопштението на Дипломатската служба на ЕУ (ЕЕАС) се наведува дека „Чешка, Финска, Естонија, Германија, Франција, Летонија, Литванија, Холандија, Полска, Шведска и Романија ги осудуваат континуираните обиди на Русија да манипулира со информативниот простор на ЕУ“.

– Сепак руското влијание најмногу е видливо во деструктивните политички процеси, преку кои државите од нашиот регион, вклучително и Северна Македонија, го стопираат и ги одложуваат остварувањето на стратешките цели во евроатланските и европските интеграции. Преку разни политички наративи, хибридни напади, дезинформации, поттикнување на етнички тензии руската политика ги напаѓа демократските процеси и институциите во регионот, а се со цел да го стопира европскиот пат и евроатланските интеграции на државите во регионот, изјави Хоџиќ за Фронтлајн.
Според политичкиот аналитичар Бесим Небиу – руските дезинформации во Балканскиот, регион имаат долга историја и се користат како инструмент за политичко и социјално влијание.

На онлајн платформите во 2022 година, руската компанија „Агенција за социјален дизајн“ започна кампања за дезинформација наречена „Doppelganger“ – програма што руската влада и агенции ја изградија за да го „заразат“ неруското мислењe.
Операцијата „Doppelganger“, користеше повеќе „клонови“ на автентични медиуми (најмалку 17 медиуми, вклучувајќи ги Bild, The Guardian и RBC Ukraine) и ги таргетираше корисниците со лажни написи, видеа и анкети. За да го постигнат ова, одговорните купија многу домени кои личеа на вистинските медиумски брендови и ги копираа нивните дизајни.
Дестан Јонузи
Извор: Фронтлајн