Руските окупатори убиле 121 дете и раниле повеќе од 167 во Украина од почетокот на војната до 23 март, соопшти Јавното обвинителство на Телеграм, повикувајќи се на податоци од обвинителите за малолетници, пренесува Укринформ.
„Заклучно со 28-от ден од руската агресија во Украина, загинаа 121 дете, а беа повредени 167 деца. Најголем број деца загинаа или се повредени во регионот на Киев – 61, во регионот на Харков – 41, во регионот на Доњецк – 40, Регионот Чернихив – 32, регионот на Миколаев – 24, главниот град [украинскиот] – 16, регионот Житомир – 15, регионот Керсон – 15 и регионот Суми – 14″, се вели во соопштението.
Во регионот на Доњецк, руската војска продолжува со гранатирање градови и станбени населби. Од руско гранатирање загинаа 9-годишно девојче и 14-годишно момче, а три деца се повредени.
Вечерта на 22 март, непријателска граната погоди висока зграда во Рубижне, регионот Луганск, при што загинаа три лица, меѓу кои две деца.
Бројките на загинати и повредени деца во украина нецелосни поради неможноста да се обработат податоците од терен поради континуираните напади на руските сили. Се стравува дека тие би можеле да бидат значително поголеми.
Д.Мишев