Руските агресори отворија оган врз детската болница во Северодонецк: пациентите и персоналот беа навремено евакуирани.
информираше Шефот на регионалната воена управа на Луганск на Телеграма, пренесува Укринформ.
„Денес „рускиот мир“ тропна на вратата на децата – руски чудовишта отворија оган врз детската болница во Северодонецк. Како резултат на тоа, покривот се запали. За среќа, сите млади пациенти, нивните мајки и персоналот беа навремено евакуирани. Не разбирам како може човек да крене рака за да нишани кон децата? Како ќе живеат овие ѓубриња со ова? Нема прошка за нив! рече гувернерот.
Тој истакна дека во регионот Луганск, градовите Северодонецк, Рубижне, Лисичанск, Попасна, Новодружеск, Тошкивка настрадале од руско гранатирање во текот на денот.
Подготвил Д.М.