Во Судот во Тирана пристигна досието на албанскиот прв опозиционер, Љуљзим Баша, претседател на Демократската Партија на Албанија, заради „Руското лоби“.
Со новиот закон одговорен е обвинителот на предметот. Потоа судијата во претходна постапка одлучува за испраќање на досието во суд, или за негово враќање во Обвинителство.
Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, поранешниот секретар на ДП Арбен Ристани и партискиот финансиер Илир Дервиши, се обвинуваaт за фалсификување на печати, а прекината е истрагата за чистење на кривичното дело.
Тужбата според обвинителството, е заради трансверот на 650 илјади долари од Демократската Партија со цел лобирање во САД.
Колку ризикува Баша?
Според член 190 од Кривичниот законик за делото предвидено во алинеа три според кое се обвинуваат трите осомничени, за ова кривично дело се добива казна од шест месеци до пет години затвор.
А. Зеќири