• Latest

Дали мафијата и руските олигарси планираат „27 април“ во Албанија?

March 18, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Дали мафијата и руските олигарси планираат „27 април“ во Албанија?

March 18, 2019 12:57
in РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Арбен Зекири

Како што се засилува борбата против криминалот и корупцијата во Албанија, така сè повеќе се засилуваат протестите и немирите организирани од опозицијата.

Протестите и немирите почнаа откако започна процесот на ветингот во судство, обвинителство и политиката. Овој процес, за објаснување на нашите читатели, значи чешлање и реизбор на судиите, обвинителите и политичките претставници.

Според донесените законски измени, сите судии, обвинители и пратеници треба да дадат изјава дека не биле корумпирани или да се откажат од позицијата, ако не се сигурни и чисти. Тие што нема да потпишат ќе се поздрават од функцијата, а тие што ќе потпишат ќе бидат истражени и ако се потврди спротивното ги чека и губење на позицијата и затворска казна. На почетокот, реакциите беа помали, бидејќи неодамна беа и парламентарните избори каде владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама победи со убедливо мнозинство и сам формираше влада, отстранувајќи го и дотогашниот партнер, Социјалистичкото движење за интеграција, кое претходно го предводеше актуелниот претседател Илир Мета, а сега го предводи неговата сопруга Моника Круемади.

Потоа, полицијата и органите на правдата удрија силно и по шверцот и по производството на дрогата во Албанија. Се запленија стотици тони марихуана и други видови наркотици и се уапсија многу лица од шверцерските мрежи. За прв пат откако Еди Рама е на власт, полицијата влезе и во селото Лазарат каде што со децении се произведуваше хашиш, а полицијата немаше пристап во ова село.

Со ударот врз шверцот на дрогата се интензивираа и тензиите, како и протестите организирани од опозициската Демократска партија и Социјалистичкото движење за интеграција. Власта цело време обвинуваше дека од времето на поранешното владеење, блиски роднини и соработници на врхушките на двете партии беа поврзани со криминалот, корупцијата и шверцот на дрогата.

Последната одлука на Владата на Еди Рама беше затворањето на спортските обложувалници, казина и игри на среќа под сомнение дека граѓаните се осиромашуваат и дека се водат криминални зделки. Одлуката стапи на сила од 1 јануари оваа година и сите игри на среќа беа затворени освен тие што се онлајн. По оваа одлука, неколку пати повеќе се интензивираа и активностите на опозицијата, која со иста реторика ја напаѓа власта, обвинувајќи ја за врска со криминалот и дрогата. Власта од друга страна пак обвини дека мотивот на опозицијата е да се спаси од правдата за нивните криминални дејствија во минатото.

Од друга страна, албанската опозиција од минатата година беше јавно обвинета и за големата поддршка што ја ужива од руските олигарси и фантом компании со руски капитал. Една истражувачка сторија, спроведена од авторите Дејвид Корн, Хана Вевинтова и Ден Фридман, фрла светлина врз тајните врски на Демократската партија со компании за лобирање. Во исцрпниот напис објавен во март, 2018 година, се откриваат докази според кои седиштето на демократите искеширало големи пари за промоција на нивниот лидер Лулзим Баша во САД. Според текстот кој го пренесоа албанските медиуми, првиот демократ во Албанија склучил договор со еден републикански лобист и заменик помошник во кампањата на Доналд Трамп чие име Ник Музин. Договорот меѓу Музин и Демократската партија е потпишан од Лулзим Баша, претседател на демократите, за промоција на демократската партија во месеците март, април и мај. Според договорот, наградата за Музин изнесувала 25.000 долари за овој временски период од неговите активности.

Во истражувањето понатаму се открива дека, пред една година, една фантомска шкотска компанија “Biniatta Trade” создадена од две нафтени компании со седиште во Белизе, го платиле токму Ник Музин да ѝ помага на Демократската Партија на Албанија за промоција во САД.

“Главното прашање е кој ги финансира обидите на Музин во САД да ѝ помага на Демократската партија на Албанија? Доказите кои ги имаме докажуваат едно опасно сценарио: фирмите поврзани со Русија влегуваат во криумчарски манири во Вашингтон, во обид да поттикнат промена на (политичката) агенда во Албанија“ – се вели во истражувањето.

Американското разузнавање минатата година излезе со заклучок дека Путин интервенирал во американските претседателски избори во 2016 година преку тајни и подземни операции. Специјалниот обвинител Милер, кој го истражуваше овој случај, подигна обвинение за 13 руски државјани.

Во тужбата тој пишува дека Москва преземала пропагандистичка кампања со цел да влијае врз изборниот процес и да му помогне на Трамп преку социјалните мрежи.

Но феноменот “Biniatta Trade-Shqiperi” е едно предупредување дека руската подземна војна ќе продолжи и подлабоко” – се открива во истражувањето.

Во истражувањето се изнесуваат и тврдења дека на ист начин се финансира и средбата и сликањето на претседателот на демократите, Лулзим Баша, со претседателот на САД, Доналд Трамп.

По објавувањето на ова истражување, реагира и Демократската партија и руската амбасада во Тирана. И првите и вторите ги отфрлија обвинувањата. Демократите рекоа дека овие се сценарија креирани од владејачката Социјалистичка партија, а Амбасадата на Русија додаде дека нивната држава не се меша во внатрешните работи на другите држави.

Но тоа што најмногу ги засилува сомнежите за врската меѓу опозицијата во Албанија со руски структури или олигарси е и начинот на делување кој не се разликува многу од дејствијата во Македонија, 2017 година. Последниве денови во Тирана се регистрираат многу насилни протести, како и обиди на демонстрантите за влез во Собранието на Албанија, слично како на 27 април 2017 година, кога насилниците влегоа во македонското собрание во Скопје. Во тоа време, се откри и присуството на српски разузнавач, а имаше многу сомненија, но и докази и изјави за влијанието на руски структури во тој период и потоа. Во Македонија се формира и политичка партија која се прогласи за сестринска на владејачката партија во Русија.

 

 


Фотографија во прилог на текстот: од насилните протести во Тирана, демонстрантите се обидуваат да влезат во албанскиот парламент

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ