• Latest

Русковска: Тоа што го направи Врховниот суд е законски недозволиво!

February 7, 2019

Парада на победата во Москва, 9 мај 2025 година

May 10, 2025

Мастрафот си ти

May 10, 2025

Трамп соопшти дека Индија и Пакистан постигнале договор за целосен прекин на огнот

May 10, 2025
Министерот Тимчо Муцунски во Лвив, Украина, на Денот на Европа, 9 мај 2025 (фото извор: Профилот Х на Муцунски)

Министерот Муцунски беше дел од министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
A sculpture installation at the Lawn on D | Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Револуцијата на градот во кој може да се живее

May 10, 2025
Фото: Zaporizhzhia RMA

Северна Македонија се приклучи на повикот на ЕУ за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

May 10, 2025

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Потписот на Доналд Трамп (Wikimedia Commons)

Трамп преку проглас ќе промовира порака за „самодепортација“ на мигрантите

May 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан и Индија се движат кон тотална војна по новиот бран напади

May 10, 2025

Борел: Три пати повеќе експлозивна моќ е фрлена врз Газа отколку што беше употребена во бомбата во Хирошима, а ние снабдуваме половина од тие бомби!

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Русковска: Тоа што го направи Врховниот суд е законски недозволиво!

February 7, 2019 13:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Врховниот суд, според важечкиот закон, нема законско право да толкува закон или член на законот. Според сегашната важечка легислатива, таа надлежност ја има Законодавно-правната комисија во Собранието. Врховниот суд може да донесе начелен став само за различна примена на еден закон, на пример, различни судови различно толкуваат еден закон, тогаш Врховниот суд треба да донесе начелен став како треба да се постапува“, изјави шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска гостувајќи во ТВ емисијата „Печат на неделата“ на Сашо Орданоски.

На прашање на гледач „дали бомбите“ што ќе стигнат до Врховен суд ќе се прогласат за неважечки Русковска одговори дека според последните чекори на Судот, не би ја зачудило доколку судиите и тоа го направат.

„Ставот на Венецијанската комисија е дека тие можат да бидат употребени како доказен материјал. Лошо ќе биде и за СЈО и за државата доколку се прогласат за неважечки доказ“, додаде Русковска.

Во однос на „бомбите“ на СЈО, Русковска изјави дека иако смета оти снимките се нелегално прибавени, сепак, треба да се искористат како доказ и дека СЈО треба да биде инкоорпорирано како посебно одделение во Јавното обвинителство.

Во однос на бегството на азилантот Никола Груевски, Русковска изјави дека во вчерашното соопштение се вели дека сите докази не се прегледани и дека тие имаат индиции и за други работи, дека Груевски не можел сам да избега од државата и дека сигурно имал соучесник во бегството.

За избришаните видео снимки од бегството на Груевски, од албанска страна на границата, Русковска рече дека повеќе не се обраќаат до Албанија, бидејќи тоа што требало да им помогне во истрагата, не им било доставено и дека нема што повеќе да се бара.

ОЈО вчера излезе со соопштение каде што се вели дека до овој момент надлежниот обвинител немал утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на осудениот Никола Груевски.

„Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителствo“, стои во соопштението.

А. Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share139Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ