Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска гостуваше на емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Орданоски, каде на прашањето во однос на транспарентноста на Обвинителството изјави дека тие како обвинители порано биле многу затворени од јавноста и дека тоа се должело на долгогодишната пракса за тоа дека работата на обвинителите е тајна од јавноста.
„Лично сметам дека поголемата отвореност ќе ја зголеми довербата на јавноста во работата на обвинителите“, додаде Русковска.
Во однос на бегството на азилантот Никола Груевски, Русковска изјави дека во денешното соопштение се вели дека сите докази не се прегледани и дека тие имаат индиции и за други работи, дека Груевски не можел сам да избега од државата и дека сигурно имал соучесник во бегството.
За избришаните снимки од бегството на Груевски, од страна на Албанија, Русковска рече дека повеќе не се обраќаат на таа страна, бидејќи тоа што на нив им требало да им помогне во истрагата не им било доставено и дека нема што повеќе да се бара.
ОЈО денеска излезе со соопштение каде што велат дека до овој момент надлежниот обвинител немал утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски.
„Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителствo“, стои во соопштението.
Обвинителството се јави откако пред неколку дена бегалецот Груевски во телевизиско интервју не кажал како избегал, пришто нагласил дека за тоа треба надлежните институции да дадат одговор.
„Обвинителството, заради обезбедување докази и утврдување на фактите во предметот, издаде наредби за одземање на снимките од видео надзорот од камерите на Safe city системот во Скопје, од повеќе хотели и други објекти, од патниот правец кон Шпиље и Дебар, од аеродромот во Скопје, како и од сите гранични премини кон Република Албанија. Притоа, од три хотели во Скопје.
А. Петровска