• Latest

Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност – Москва можеби е гласна, но НАТО е силен

October 18, 2024

Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

November 20, 2025

Евроатлантските ветрови ги заладија односите меѓу Москва и Подгорица

November 20, 2025
Петар Арсовски, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург (фото: Б. Јордановска)

Арсовски: Судењето за трагедијата во Кочани може да стане уште поголемо и покомплицирано

November 20, 2025

Косово со нови праламентарни избори на 28 декември

November 20, 2025
Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Ројтерс: Зеленски го доби американскиот план, ќе разговара со Трамп

November 20, 2025

Во што се состои „мировниот план од 28 точки“ за Украина?

November 20, 2025

Косовската Радио Телевизија во знак на протести нема да емитува секој ден по два часа, најавен и генерален штрајк

November 20, 2025

Суспендирана албанската вицепремиерка Белинда Балуку поради истрага за спорни тендери

November 20, 2025
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

November 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Во израелските напади низ Газа загинаа најмалку 32 Палестинци во најновата ескалација пo прекинот на огнот

November 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност – Москва можеби е гласна, но НАТО е силен

October 18, 2024 16:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија останува најголема и директна закана за безбедноста на НАТО сојузниците, а рускиот претседател Владимир Путин прибегнува кон се понеодговорна реторика, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, на кој учествуваше и македонскиот министер Владо Мисајловски, како што пренесе МИА.

– Москва можеби е гласна, но НАТО е силен. Во се понеизвесниот свет, од витално значење е да продолжиме да ги модернизираме нашите капацитети и да вежбаме заедно за да ги задржиме нашите конвенционални и нуклеарни сили силни, истакна Руте, додавајќи дека основната цел на нуклеарната способност на НАТО е да се зачува мирот, да се спречи принудата и да се одврати агресијата.

Тој посочи дека на денешното заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри на одбрана станало збор и за операциите на НАТО на Западниот Балкан и во Ирак.

– Во Косово, сојузниците продолжуваат да работат заедно за да обезбедат дека нашата мисија КФОР ги има силите и ресурсите што и се потребни за одржување на безбедно и сигурно опкружување за сите, истакна Руте.

Кога станува збор пак за мисијата на НАТО во Ирак, според Руте. таа продолжува да биде важен придонесувач за стабилноста на земјата и за оспособување на ирачките безбедносни сили за борба против терористичките групи, како дел од напорите на Алијансата за стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток.

Во однос на Украина, Руте потсети дека НАТО работи на доставување безбедносна помош и обука за земјата, за што формира посебна Команда во Визбаден која треба да стане целосно оперативна во наредните месеци.

– Ние сме на добар пат да го исполниме нашето ветување да и обезбедиме на Украина 40 милијарди евра воена поддршка. Ќе продолжиме да стоиме на страна на Украина, како што стоиме зад правото на секоја нација да живее во слобода, суверенитет и безбедност, рече Руте.

Според него, поддршката за Украина е инвестиција во заедничката безбедност, бидејќи трошоците што би настанале ако му се дозволи на Путин да ги оствари своите цели, би биле многу повисоки од оние што се потребни за поддршка на Украина.

– Борбата на Украина е и наша борба, нагласи Руте.

Тој додаде дека зајакнувањето на одвраќањето и одбраната останува главен приоритет на Алијанса, бидејќи нејзина најсвета должност е гарантирање на безбедноста на една милијарда луѓе.

– Затоа го засилуваме нашиот одбранбен индустриски капацитет, ги зајакнуваме нашите синџири на снабдување, инвестираме во нови одбранбени капацитети и ги користиме новите технологии, рече Руте, додавајќи дека во услови кога синџирите за снабдување се се поранливи, НАТО мора да стане посамостоен и да биде подготвени и способни да одговори на заканите во сите домени и во секое време.

Тој информира и дека министрите договориле нова иницијатива за стандардизација, бидејќи, како што рече, стандардите се клучни за способноста на сојузниците да се борат заедно и за намалување на трошоците за одбрана.

– Како дел од оваа иницијатива, ќе го забрзаме развојот на стандардите на НАТО, ќе ја подобриме стапката на нивната имплементација и ќе го прошириме нивниот опсег за да вклучиме нови иновативни воени капацитети. Мораме максимално да ја искористиме нашата единствена способност да дејствуваме заедно, сите 32 членки, затоа што тоа е она што и дава сила на нашата Алијанса, истакна Руте.

Според него, министрите се согласиле и дека противвоздушната и ракетната одбрана остануваат приоритет на Алијансата, во услови кога Русија повеќекратно го наруши на воздушниот простор на НАТО од почетокот на руската агресија врз Украина, при што последниот случај беше вчера во Романија.

– Дозволете ми да ја изразам солидарноста на НАТО со Романија и да им заповедам на романските власти и Врховната сојузничка команда за Европа за брз и ефективен одговор на овој инцидент. Ќе продолжиме да го зголемуваме надзорот и размената на информации, преку координирање на индивидуалните и колективните одговори, изјави Руте.

Тој потсети и дека од неодамна НАТО значително го зголеми своето присуство на неговото источното крило и ја зајакна воздухопловната мисија за надзор.

– Сојузниците планираат да набават илјадници системи за противвоздушна одбрана и артилерија и повеќе стотици модерни борбени авиони, главно Ф-35 од петтата генерација. Сојузниците купуваат 1.000 ракети „Патриот“ за да ги надополнат своите резерви, додаде Руте.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Глобус

    Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ