Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека предложениот мировен план на САД од 28 точки за Украина, може да послужи како основа за преговори. Но, според Руте, и дека дел од неговите елементи бараат внимателно разгледување.
Тој посочи дека планот има потенцијалда отвори реален дијалог меѓу САД и Украина, и дека преговорите што се воделе во Женева биле конструктивни и значајни за почетоток на овој процес.
Руте подвлече дека кој било мировен договор мора да обезбеди дека Русија повеќе нема да ја нападне Украина. Според него, тоа значи дека договорот мора да содржи силни гаранции кои ќе создадат стимул за Кремљ да го почитува постигнатото. Тој го нагласи значењето на безбедносните мерки, појаснувајќи дека успехот на мировниот процес зависи од тоа дали двете страни ќе имаат реална мотивација да го почитуваат договорот.
Во однос на потенцијалното членство на Украина во НАТО, Руте рече дека тоа во иднина не може да се исклучи, но дека во моментов таквата можност не е на маса, поради тоа што за пристапување е потребен консензус меѓу сите членки на Алијансата, а тој консензус сè уште не постои.
Руте исто така истакна дека традиционалните структури за дијалог со Русија, како Советот НАТО–Русија и Основачкиот акт од 1997 година, веќе не функционираат поради инвазијата. Тој нагласи дека овие институции практично се „мртви“ и дека светот мора да најде нови механизми за безбедносен дијалог.
Руте објасни дека планот од 28 точки е „потенцијална основа за дијалог, но некои елементи треба внимателно да се разгледаат“, нагласувајќи дека деталите се критични за да се избегнат конфликти и недоразбирања.
Тој подвлече дека мировниот договор треба да обезбеди дека Русија никогаш повторно нема да ја нападне Украина, истакнувајќи дека „кога ќе склучите договор, мора да бидете сигурни дека е во интерес на Кремљ да го почитува“.
За пристапот на Украина кон НАТО, Руте рече дека „во моментот тоа не е на маса“, и дека за каква било одлука е потребен консензус, што сè уште е далеку.
Во однос на дијалогот со Русија, тој објасни дека Советот НАТО–Русија и Основачкиот акт „се мртви откако Путин ја нападна Украина“, што значи дека традиционалните канали веќе не функционираат и светот мора да размислува за нови механизми за безбедносна соработка.
Д. Т.












