По обилните дождови, утринава реката Вардар се излеа од коритото центарот на градот.
Предупредувањата од минатото, дека градбите во самото корито на реката ќе претставуваат проблем при обилни дождови, конечно станаа реалност.
„Мислам дека за прв пат ќе дознаеме што точно се случува во новоизградените објекти од спротива… со надеж дека нема да се срушат“, пишува граѓанскиот новинар, Дамјан Темков.
Во просториите на Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј засега нема поплави.
Надлежните велат дека ја следат ситуацијата и ги уверуваат граѓаните дека нема простор за паника.
Д.М.