Соединетите Држави најавуваат економски мерки за забрана на нови инвестиции во Русија и воведување нови финансиски санкции за најголемата руска банка и неколку нејзини големи државни претпријатија, како и за руските владини претставници и членовите на нивните семејства, соопшти во средата официјален претставник на американската администрација, јави дописникот на Укринформ.
„Денес драматично го ескалираме финансискиот шок со воведување целосно блокирачки санкции за најголемата руска финансиска институција Сбербанк и нејзината најголема приватна банка Алфа банка“, рече официјалниот претставник.
Според него, на овој начин САД целосно блокирале повеќе од две третини од рускиот банкарски сектор. Соединетите држави, исто така, имаат намера целосно да блокираат важни руски државни претпријатија, чиј список ќе биде официјално објавен подоцна. Дополнително, официјалниот претставник истакна дека Министерството за финансии ја блокирало Русија да плаќа долг со долари складирани во американските банки.
Дополнително, администрацијата воведува индивидуални санкции за нова група руски елити и членовите на нивните семејства, вклучително и возрасните ќерки на Путин, Марија Путина и Катерина Тихонова, сопругата и ќерката на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и членовите на Советот за безбедност на Русија, вклучително и поранешниот претседател и премиер, Дмитриј Медведев Михаил Мишустин.
САД најавуваат и забрана за нови инвестиции во Русија во соработка со Г7 и ЕУ. Очекувано, тоа ќе биде спроведено со извршна наредба потпишана од американскиот претседател Џо Бајден.
Д.Мишев