• Latest

Сакашвили уапсен поради обид за уривање на власта во Киев

December 5, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сакашвили уапсен поради обид за уривање на власта во Киев

December 5, 2017 11:21
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинската полиција денеска во Киев го уапси поранешниот грузиски претседател и актуелен украински опозициски лидер Михаил Сакашвили под обвинение за „обид за соборување на власта“. 

– Саакашвили е обвинет за обид за уривање на уставниот поредок, изјави неговиот адвокат Павло Богомазов.

Властите информираа дека пред апасењето Сакашвили се заканувал дека ќе се самоубие, откако полицијата се обидела да изврши претрес во неговиот стан. По упадот на полицијата во станот, Сакашвили се качил на покривот на осумкатната зграда во која живеел и извикувал пароли против украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Порошенко е крадец. Порошенко е измамник на украинскиот народ. Што и да ми се случи на мене, народе, ве повикувам да излезете на улиците и да продолжите со борбата. Не дозволувајте незаконие и кражби од страна на Порошенко и неговата банда, извикувал Сакашвили.

Десетици негови приврзаници се собраа на протест во близина на зградата. При обидот за негов транспорт до Обвинителството, приврзаниците на Сакашвили привремено го блокирале возилото по што тој повторно одржат говор против Порошенко.

По изборниот пораз во неговата родна Грузија, Сакашвили ја продолжи политичката кариера во Украина, како поддржувач на властите кои се формираа по Мајдан револуцијата и Порошенко го именуваше за гувернер на областа Одеса.

Откако беше сменет од оваа функција, Сакашвили формираше политичка партија Движење на новите сили, која викендов организираше протест против Порошенко. Се претпоставува дека обвинението против Сакашвили е поврзано со организирањето на протестот.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: КиевСакашвилиУкраина
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result