• Latest

Сандри: Покажавте солидарност кон Украинците, да се обезбеди статус на заштита на бегалците

June 20, 2022

ДНЕТ поднеле тужба до Управен суд кој ја потврдил одлуката на ДИК

October 19, 2025

МВР: Регистрирани 20 пријави за кршење на изборен молк и 47 објави на социјални мрежи со повици за гласање за одреден кандидат

October 19, 2025

ЦИВИЛ го започна изборниот мониторинг во 6:30 – изборниот ден тече мирно и навремено

October 19, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Огромни толпи на анти-Трамп протестите „Без кралеви“ кои се шират низ САД

October 19, 2025

Излезеноста на изборите до 09.15 часот е три отсто

October 19, 2025
Фото: МВР

МВР апелира до граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера за време на Локалните избори

October 19, 2025

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

October 19, 2025

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

October 19, 2025

Гласањето започна, граѓаните по осми пат избираат локална власт

October 19, 2025

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Сандри: Покажавте солидарност кон Украинците, да се обезбеди статус на заштита на бегалците

June 20, 2022 11:40
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога започна руската инвазија врз Украина, голем дел од Украинците беа принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште во други земји. Во интервју за МИА, Моника Сандри, претставничката на УНХЦР на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации вели дека големината на солидарност во државите коишто ги примаат украинските бегалци останува неверојатен. Државите-членки на Европската Унија претходно презедоа претходно мерки со брзото
активирање на Директивата за привремена заштита за првпат, обезбедувајќи пристап до заштита и услуги за бегалците од Украина. Други европски држави понудија слични шеми за заштита.

По повод 20 јуни – Светски ден на бегалците, Сандри информира дека над пет милиони бегалци од Украина се регистрирани дека побарале заштита насекаде во Европа. Многу од нив се примени во Германија, Полска, Руската Федерацја, Чешката Република и други, односно во вкупно 44 држави во Европа.

Принудното напуштање на својот дом поради војна е една од најтешките работи со која може да се соочи едно лице, а уште потешко е каков ќе биде неговиот статус во државата во која се сместил и што го чека таму. Дали се забележани злоупотреби и неправда врз бегалците од Украина во државите во коишто се засолнети?

-Постои силна великодушност и солидарност во државите кон украинските бегалци, што е за поздравување. Сепак, треба да запомниме дека оваа бегалска криза е криза за заштита претежно на жени и деца, со оглед на тоа што тие претставуваат 90 отсто од сите луѓе кои бегаат од Украина.
Во вакви ситуации, растат ризиците за родово засновано насилство, криумчарење, злоупотреби, трауми и разделување на семејства, што бара дополнителна поддршка. За среќа, досега, имаше малку регистрирани случаи за злоупотреби, истакна Сандри.

Северна Македонија ги отвори вратите за Украинците, но статусот на Украинците во државата сè уште не е дефиниран. Во какви услови живеат тука Украинците? 

-Државата и жителите покажаа солидарност и ги раширија своите раце за прифаќање бегалци од Украина. Сепак, со оглед на тоа што војната сè уште не е завршена, од најголема важност е сега да се направат сите напори за да им се даде статус на заштита на украинските бегалци, слично со начинот на кој ЕУ и други држави постапија во давање статус за привремена заштита.
Солидарноста и милосрдието не се доволно. Добивањето статус им овозможува на луѓето да имаат брз пристап до права, самоодржливост, ја намалува зависноста од прифат и помош, а и им овозможува на луѓето да ги продолжат своите животи и да придонесат кон локалните заедници.
Повторно, од витално значење е државата да им обезбеди статус за заштита на Украинците најскоро. Немањето статус на заштита ги ускратува луѓето од слободен пристап до здравствени услуги, образование за децата и други важни права, вели претставничката на УНХЦР во Северна Македонија во интервју за МИА.

Колкав е бројот на бегалци од Украина кои се во Северна Македонија?

Во моментов има преку 1 000 лица од Украина кои престојуваат тука. Од нив, 243 лица имаат регулирано привремен престој заради хуманитарни причини. Сепак, како што споменав, никој од нив нема статус на заштита.

Какви активности презема УНХЦР за да им ја олесни состојбата на Украинците кои престојуваат во државата?

-Од самиот почеток на украинската бегалска вонредна состојба, УНХЦР, тука – исто како и во други држави – бара да се обезбеди статус на заштита за луѓето кои бегаат од Украина. Исто така, заедно со другите агенции на ОН, државните институции и невладините организации, работиме за да ги дознаеме потребите на украинските бегалци во Северна Македонија со цел тие да можат да добијат соодветна поддршка.

Во Северна Македонија, моментно украинските бегалци можат да користат бесплатна правна помош, информации за азил, телефонска линија која е достапна 24 часа на ден седум дена во неделата, часови за изучување на македонскиот јазик, хуманитарна помош, обезбедени од невладините партнери и УНХЦР.

Покрај украинските државјани, дали во Северна Македонија престојуваат бегалци од други држави и каков е нивниот статус?

-Имаше и сè уште има бегалци од други држави кои престојуваат тука. Ним статусот им се одредува на поединечна основа и кај најголем број тоа е статусот на супсидијарна заштита. Кога зборуваме за бегалците од други држави, не смееме да заборавиме дека нови конфликти се појавуваат, а старите продолжуваат со несмалено темпо. Бројот на лица кои биле принудени да избегаат расте секоја година и сега изнесува над 100 милиони, што е повеќе од двојно од пред
десет години. Многу од овие луѓе поминале низ истите хорори и ги делат истата ранливост и потреби како украинските бегалци. За жал, многу од нив, кога бараат заштита, не наидуваат на истата солидарност и раширени раце на кои сме сведоци сега.

Како би ја опишале состојбата со бегалците кои се во државата и какви активности преземаат државните органи со цел да им обезбедат услови за живот?

-Државата има воспоставено систем со кој се обезбедува пристап до права и услуги од моментот кога едно лице аплицира за азил и сè додека лицето има статус. Тоа значи дека децата имаат слободен пристап до образование, сите лица имаат бесплатна здравствена заштита, а бегалците исто така можат да работат и да придонесуваат кон локалната економија, како и да добијат дополнителни услуги за интеграција во општеството. УНХЦР работи со државните институции со
цел да се подобри системот и да се премостат постоечките предизвици.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ