Меѓународната изолација на агресорската сила продолжува бидејќи се повеќе меѓународни компании се повлекуваат од Русија.
Ова го соопшти Центарот за стратешка комуникација и безбедност на информации на Телеграм, пренесува Укринформ.
Сингапур воведе санкции против руските банки и забрани испораки на производи со двојна употреба во Русија.
Во исто време, „Фич“ го намали рејтингот на десетици руски компании, меѓу кои „Автодор“, „Руска пошта“, „Руснано“, „Руски железници“, „ФПК“, „Интер РАО“, „РусХидро“ и „Россет“.
Повеќе технолошките гиганти се повлекуваат од Русија. Јапонскиот Komatsu, еден од најголемите светски производители на градежна опрема, престана да испорачува производи во Русија. Корпорацијата Хитачи го запре производството и извозот на опрема во земјата, додека ужнокорејскиот Samsung престана да ја снабдува Русија со телефони, апарати и микрочипови.
Покрај тоа, светски познатиот бренд за накит Картие ги затвори своите продавници во земјата.
éééééСе затвораат и бутиците водени од модните брендови Гучи, Баленсијага и Ив Сен Лоран, сите во сопственост на групацијата Керинг.
Брендот Marks&Spencer престанува со испораките на своите производи во Русија, најавувајќи и трансфер на средства за помош на украинските бегалци.
Electronic Arts престанува да продава игри и содржини во Русија и Белорусија. Компанијата ги поседува правата на хитови како FIFA22, Battlefield, Need for Speed и многу повеќе.
Како што објави претходно Укринформ, шведскиот гигант за мебел ИКЕА одлучи да ја прекине својата работа во Русија и Белорусија поради тековната војна во Украина.
Д.М.