• Latest

Сапуница тешка 10 милиони евра

April 10, 2019
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Сапуница тешка 10 милиони евра

April 10, 2019 10:43
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Како клетва да се надви над кандидатите кои ја почнаа претседателската кампања на незгоден ден,  денот на шегата први април. Каков ден, таков почеток. Како шега. Само лоша. Никому смешна.

Фросина Митрушева

Јадните не можат да се снајдат во ситуацијата која ги снашла. Шега ли е или не тоа што ги снајде?

На кандидатите изгледа не им е јасно која е основната цел на кампањите. А на нивните изборни штабови  уште помалку.

Значи (зборот почитувани не го заслуживте до сега) кандидати, со кампањата треба да ги убедите неубедените до сега да гласаат за вас, а не убедените да ги разубедите.

Професорката многу лошо почна со јогата. Не требаше да ја лути црквата со такви секташки активности и да ја предизвикува да ѝ фрли анатема. Се збуни јадната скроз.

Прво, како правник и универзитетски професор, недозволиво збунето, води кампања за парламентарни наместо за претседателски избори. Па ветува менување на влада, менување на закони, менување на меѓународни договори… Или нешто со нејзините познавања на надлежностите на претседателот не е како што треба, или многу лошо е советувана од советниците во нејзиниот штаб.  Можеби тие мислат дека гласачкото тело кон кое целат нема да забележи, но некои други работи секако нема да им поминат незабележано.

Секако ќе ги збуни како тоа одеднаш главниот предизборен адут „Името не го давам“ се смени во „Службено ќе го признаам, ама како човек не“. Човекот го снемува кога политиката е во прашање?

И други проблеми кои со имињата  ги има професорката  нема да поминат така лесно. Нејзината неинформираност за имињата на градовите кои ги посетува зборува за нејзиниот игнорантски однос кон нивните жители. И нејзините извинувања со наивно трепкање , во стилот на засрамена тинејџерка, не знам дали ќе ѝ ги прифатат. Сепак од жена со универзитетска кариера и на таа возраст се очекува поозбилно однесување. Нели мајка на нацијата бираме, а не пубертетлика на годината.

Професорот пак, би можел да ги замоли функционерите околу себе да не му помагаат, во стилот на стариот виц „Аман бато, не ме брани веќе“. Наместо да шетаат со него и да го промовираат како сидро, едро и други земско-поморско-воздушни предмети, најдобра услуга ќе му направат ако се повлечат и си ја бркаат својата секојдневна работа. Нивното несработување на таа работа во овие две и пол години е најголемиот хендикеп на претседателската кандидатура на професорот.Затоа, нека го остават самиот себе си да се промовира како човек. Одлично му успеваше тоа пред пет години. Си шеташе човекот меѓу луѓето со искрена широка насмевка и им влеваше верба на луѓето, за разлика од сега кога за него се залагаат луѓе во кои граѓаните ја изгубија вербата.

Би можел и на шефовите и помошниците во штабот да им каже повнимателно да ги бираат поддржувачите кои го величаат по митинзите и средбите со граѓаните. За озбилната функција за која конкурира не му одговара имиџот на Џорџ Клуни по кого се трескаат од земја,  лигават и треперат во гласот тетки и девојчурци. Не му требаат патетичните и не така млади девојчиња кои сакаат татко да им биде. А тој збунет, укрутен, уште да писне „Не сакам таткооо, претседател сакам да бидам!“.

За амбасадорот немам коментар, бидејќи тој не се ни труди да му се претстави на македонското гласачко тело. Како однапред  да е решен дека својот завршен збор ќе го каже во вториот круг.

Аман, за десет милиони евра, навистина би можело чуда да се направат, а не да нѝ настапуваат со ниско буџетна сапуница. И што е со приказната за мајка/татко. Претседател на држава ни треба, а комплексот на сираци кои веќе со децении  бираат мајка или татко на нацијата е крајно време да го оставиме зад нас.

Сите прогласуваат победник меѓу претседателските кандидати. Јас го знам губитникот од првата недела на кампањата –гласачите и негласачите кои се молат што побргу да помине предизборнава агонија.

Како тргнале работите, изгледа како на Џафери да можеме уште веднаш да му честитаме. Ај тогаш ем да си ги скратиме маките, ем да уштедиме нешто од тие десетте милиончиња (кои веројатно до сега се веќе потрошени, ама можеби  има останато некоја цркавица).

Share48TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ