• Latest
Фрагмент од плакатот на документарецот „Сараево Сафари“ од Миран Жупанич.

САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

February 6, 2026

Од аздисаност до изгубеност

April 20, 2026

Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

April 20, 2026

(Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

April 19, 2026

Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

April 19, 2026

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

Кој е првиот осомничен во случајот „Сараево Сафари“ – Италијанец кој наводно се фалел пред други лица дека помеѓу 1992 и 1995 година одел на „лов на луѓе“ во опсадениот главен град на БиХ?

February 6, 2026 08:49
in АНАЛИЗИ, ИСТОРИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фрагмент од плакатот на документарецот „Сараево Сафари“ од Миран Жупанич.

Фрагмент од плакатот на документарецот „Сараево Сафари“ од Миран Жупанич.

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Истрагата за таканаречените „викенд снајперисти“ во Сараево, кои наводно плаќале да убиваат – вклучувајќи жени, стари лица и деца – за време на опсадата на градот од страна на босанските Срби помеѓу 1992 и 1995 година го носи пред лицето на правдата еден 80-годишен шофер.

Според информациите добиени како дел од истрагата што ја води Групата за специјални операции (ROS) на карабинерите, под координација на јавниот обвинител Алесандро Гобис во Обвинителството во Милано, предводена од Марсело Виола, во средата доставена е покана за сослушување до осомничениот 80-годишен поранешен возач на камион од покраината Порденоне, објави италијанската новинска агенција ANSA.

Според италијанскиот весник Il Giorno, станува збор за поранешен возач на камион кој работел за компанија за преработка на метал.

Според сомненијата на Обвинителството во Милано, кое го повика на сослушување, тој е обвинет за „соучество со други засега непознати лица“ во спроведувањето на „тој злосторнички план, предизвикувајќи смрт на невооружени цивили, вклучувајќи жени, стари лица и деца, со пукање со прецизни пушки од ридовите околу Сараево помеѓу 1992 и 1995 година“.

УБИСТВО СО НИСКИ МОТИВИ

Делото е квалификувано како „убиство со ниски мотиви“. Според весникот, тој наводно се фалел пред други луѓе дека „ловел луѓе“ во Сараево во тој период, што е очигледно од сведоштвата собрани во истрагата.

Врз основа на приказните внесени во записникот за време на сослушувањето на сведоците, истражителите и обвинителите го идентификувале 80-годишникот и одлучиле да го внесат во регистарот на осомничени за намерно континуирано убиство, односно за повеќе епизоди, и да го поканат на сослушувањето во Обвинителството во Милано на 9 февруари.

Бил извршен и претрес во неговата куќа, каде што истражителите на карабинерите на ROS пронајдоа седум парчиња оружје што тој легално ги поседувал: два пиштола, една карабина и четири пушки.

СТРЕЛЦИ – ТУРИСТИ

Истрагата беше покрената во Милано пред повеќе месеци, по кривична пријава поднесена од писателот и новинар Езио Гавацени, со помош на адвокатите Никола Бригидо и Гвидо Салвини.

Во барањето, Гавацени се повикува на изјавите на Един Субашиќ, поранешен агент на босанските безбедносни служби, според кој босанските служби ги информирале своите италијански колеги на почетокот на 1994 година дека „туристичките стрелци“ кои учествуваат во овие „сафари“ заминуваат од Трст.

Според АНСА, италијанските служби потоа „ги запреле тие ужасни сафари“.

Субашиќ, исто така, тврдеше дека може да има документи што ги потврдуваат контактите меѓу босанските и италијанските агенти, вклучително и евентуални идентификации на сторителите.

Истрагата се потпира и на извештаите на поранешната градоначалничка на Сараево, Бенџамина Кариќ, која посочи на најмалку пет лица споменати или опишани во документарецот „Сараево Сафари“ од словенечкиот режисер Миран Жупанич од 2022 година.

Словенечкиот филм како дел од програмата на фестивалот за документарни филмови AJB DOC, зборува за организиран „лов на луѓе“ во воено разорениот град Сараево. Сведоците во филмот раскажуваат како богати странски „клиенти“, Американци, Канаѓани, Руси и Италијанци, плаќале за да убиваат луѓе од српски позиции. Тарифата за стрелање кон дете била повисока. „Туристите“ биле транспортирани и со хеликоптери на Војската на Република Српска.

ОСТРИ РЕАКЦИИ

По Петтиот меѓународен фестивал за документарни филмови AJB DOC во Сараево, еден филм веќе наиде на осуда од дел од јавноста. На фестивалот учествуваат 25 филмови од целиот свет, а организатор на фестивалот беше Ал Џезира Балканс, која денес – знаеме – не постои, по повлекувањето на компанијата од Полуостровот.

Информацијата дека „Сараево Сафари“, документарецот за богати странци кои платиле за да пукаат и убиваат цивили во Сараево за време на граѓанската војна во Босна и Херцеговина, од позициите на Војската на Република Српска, предизвика остри реакции во Источно Сараево и Република Српска. Локалната политичка јавност го оцени овој словенечки филм и интервјуто на режисерот Миран Жупанич во Ал Џезира како „застрашувачко сафари од лаги“. Градоначалникот на Источно Сараево Љубиша Ќосиќ вели дека овој филм е уште една „сатанизација на Србите“. Тој најави дека ќе „го гледа филмот, а потоа ќе се консултира со правниот тим за да поднесе кривична пријава против режисерот и Ал Џезира за поттикнување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“.

Во воведот на интервјуто со режисерот Миран Жупанич, Ал Џезера оцени дека филмот „ги поместува границите на она што е подносливо во разбирањето на војната“.

„Еден извор вели дека тие (клиентите) биле транспортирани од Белград со хеликоптер на Југословенската армија до Пале, според друг, биле транспортирани по пат. Повисоки по ранг, помоќни и побогати веројатно имале поудобни услови за патување до Сараево“, рече Жупанич.

Понатаму, тој вели дека „според сведоштвата, поединечни припадници на Армијата на РС и Армијата на Југославија учествувале во организацијата на „сафарито“. Не знам кој конкретно и на кое ниво на команда, па дури и на донесување политички одлуки. Немам информации за улогата на властите во Пале“. Намерата на филмот не била да се идентификуваат конкретни луѓе, бидејќи тие информации дури ни ним не им биле достапни.

Еден извор наведува дека клиентите биле Американци, Канаѓани и Руси, додека друг наведува дека клиентите биле и Италијанци. „Во секој случај, тие биле доволно моќни и доволно богати луѓе, со многу специфичен психолошки профил“, рече Жупанич.

Еден сведок, кој неколку пати учествувал во лов на глави, тврдел дека „стапките (цените) биле повисоки ако било погодено дете и дека повеќето истрели биле испукани од регионот Грбавица“.

„Странските разузнавачки служби го следеа овој феномен и се чини дека никој од меѓународната заедница не интервенирал за да го спречи ова „сафари“. Зошто да не? Тоа е најважното прашање за мене“, рече Жупанич.

Тој вели дека неговиот филм покренува повеќе прашања отколку што дава одговори и нагласува дека „освен ранувањето на Фарук Шабановиќ, сите архивски снимки во филмот ‘Сараево Сафари’ се снимени од нашиот тим“.

„Ми се чини исклучително важно – сите ние, кои ја имаме оваа можност, да шириме знаење за феноменологијата на злото што е во човечкото битие. За да можеме да се спротивставиме на тоа зло. Но, не со нашето зло, туку со индивидуално и општо добро“, рече режисерот на филмот „Сараево Сафари“.

Во овие настани со посетите на странците „со специфичен психолошки профил“ се споменува и неодамна починатиот четнички војвода Славко Алексиќ, запаметен и по организирањето на масовниот егзодус на Србите од Сараево по потпишувањето на Дејтонскиот договор, што јавноста во БиХ го толкува како „политика на спречување на коегзистенцијата и дефинитивно етничко раздвојување на Сараево“.

Споменатиот – инаку командант на паравоената формација „Новосараевски четнички одред“ – беше непоколеблив следбеник на радикалната политика на национална и верска нетолеранција и етничко раздвојување, што во неговите млади радикални денови жестоко го застапуваше сега наводно „реформираниот“ и прогресивен Александар Вучиќ.

Во политичките кругови на Република Српска, Алексиќ беше третиран како херој и симбол на „одбраната на српско Сараево“, додека во Федерацијата на Босна и Херцеговина неговата политика беше опишана како терор и паравоена акција насочена против цивилното население за време на опсадата на Сараево.

Радикалниот лидер Воислав Шешељ го прогласи за четнички војвода во 1993 година. Во согласност со радикалната опсесија со етничка хомогенизација, еден од најзначајните потези на Алексиќ беше и оној по завршувањето на војната во Босна и Херцеговина.

Во 2022 година, Алексиќ беше осуден пред Судот на Босна и Херцеговина на пет месеци затвор за поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост, бидејќи три години претходно на состанок во Вишеград, тој „го прослави четничкото движење преку песни и реторика и се закани со враќање на историските конфликти“. Алексиќ ја откупи таа казна за 15.000 конвертибилни марки (!).

Во јавноста на Босна и Херцеговина, тој е запаметен како симбол на снајперскиот и воениот терор врз цивилното население.

ДОДИК ЗА АЛЕКСИЌ

Милорад Додик можеше да каже за Алексиќ дека тој „чесно и одговорно ги извршувал своите должности во одбраната на народот и татковината на бојното поле во Сараево“. По веста за смртта на Алексиќ, Додик му оддаде почит на социјалните мрежи.

„Денес нè напушти војводата Славко Алексиќ, голем патриот, кој остави неизбришлив белег во историјата на српскиот народ. Човек кој ја извршуваше својата должност со чест, одговорност и посветеност. Славко Алексиќ ќе биде запаметен како многу храбар и чесен борец на бојното поле во Сараево и Романија. Во овие тажни моменти, им упатувам најдлабоко сочувство на неговото семејство, соборци и пријатели. Нека му биде вечно почитуван и благодарен за сè што направи за својот народ и татковина“, напиша Додик.

Алексиќ беше еден од луѓето што го обновија четничкото движење во Сараево. По убиството пред Старата православна црква во Баш Чаршија, на 1 март 1992 година, Алексиќ станал командант на „Новосараевскиот четнички одред“, чие седиште било во Грбавица. Учествувал во опсадата на Сараево, а особено на демаркациската линија во областа Грбавица и еврејските гробишта, каде што се случиле некои од најтешките и најкрвавите судири меѓу Војската на Република Српска и Војската на Република Босна и Херцеговина.

Кога избувна аферата „Сараево Сафари“, и помалку од еден месец пред неговата смрт, Алексиќ страсно негираше дека Вучиќ бил волонтер во неговата единица.

„Тие го обвинуваат Вучиќ дека бил волонтер во мојата единица – тоа апсолутно не е вистина. Одговорно тврдам дека нема ништо такво, нема ни капка вистина. Нема снајперисти, нема странски платеници, бидејќи во мојата единица имаше Руси, Грци, Бугари, па дури и некои Македонци, но тие беа православни волонтери. Но, дека некој бил вмешан во снајперски напади, убиства, тоа е надвор од свеста“, рече Алексиќ.

Во таа прилика, тој истакна дека Вучиќ дошол во Сараево како член на новинарски тим за да направи извештај за ТВ Српска „кој не бил снимен поради почетокот на непријателствата во времето на снимањето на тој извештај“.

Алексиќ, по сопствено признание, бил подготвен да ги потврди своите тврдења за невиноста на Вучиќ на суд.

Алексиќ најави тужба против оние кои изнесоа „клевети и невистини“ за „Сараевското Сафари“, бидејќи тврдеше дека „постојат многу елементи за тужба“. Тој исто така изјави дека слушнал оти Вучиќ најавил тужба по тој повод.

„Ќе бидам среќен да бидам сведок, да ви кажам дека апсолутно нема ни зрно вистина во тоа“, беше категоричен Алексиќ.

Доколку Вучиќ поднесеше тужби за наводите за неговото учество во „Сараевското сафари“, Алексиќ, доколку е жив, навистина би можел да биде вреден сведок, со оглед на тоа што Вучиќ кажал за Сараево и муслиманите низ годините.

Во средината на 1994 година, во интервју за списанието „Дуга“ во тоа време, Вучиќ потврди дека бил на позиции над Сараево.

„Кога започна војната во Босна, отидов во српско Сараево и се пријавив како волонтер. Не бев член на партијата, едноставно заминав. Бев на еврејските гробишта некое време“, рече Вучиќ.

Но најпознатата изјава на Александар Вучиќ во врска со муслиманите дојде помалку од една година по тоа признание во „Дуга“.

Само 10 дена по настанот што тој самиот, а со него и мнозинството српски граѓани, го дефинира како „страшен злостор“ во Сребреница, Вучиќ му рече на претседателот на Собранието на Србија:

„Па, вие бомбардирајте, убијте еден Србин, ние ќе убиеме сто муслимани, па да видиме дали на меѓународната заедница или на некој друг му е дозволено да ги напаѓа српските позиции.“

Вучиќ со години неуспешно се бранеше од таа изјава на неколку начини, главно тврдејќи дека е извадена од контекст и дека денес тој се залага за поинаква политика.

Вучиќ постојано изјавуваше дека изјавата била злоупотребена, бидејќи, во продолжението на говорот наводно зборувал за мир или заштита на народот, а не за директен повик за злосторства. Сепак, транскрипциите и снимките покажуваат дека изјавата била јасна закана за меѓународната заедница за спречување на напади врз српските позиции.

По формирањето на СНС, Вучиќ призна дека „сигурно нема да го каже тоа повторно“ и дека во тоа време „бил млад и воден од поинаква идеологија“. Тој се бранеше и тврдејќи дека не „повикувал на убиство на тој начин“, туку дека се обидувал да испрати силна политичка порака за одвраќање од бомбардирањето на НАТО.

Во емисијата „Телеринг“ во 2006 година, Вучиќ се пофали дека „го познава секој дел од Сараево“ и дека направил „сè што му паднало на памет“.

Но „Сараево сафари“ не е приказна за една личност, ниту за една изјава. Тоа е сведоштво за моментот кога војната ги премина сите граници на човечкото и човечноста и кога убивањето цивили, меѓу кои и деца – туристички трофеј на мрачна забава.

Опсадата на Сараево не беше само воена стратегија, туку цивилизациски пад: доказ дека, кога злосторството останува неказнето, се претвора во модел, а кога молкот станува удобен, тој станува соучесништво.

Прашањето што останува не е само кој пукал, туку дали светот научи нешто од овие ужасни настани.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ