• Latest
Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Шекеринска не одобрила купување на луксузно возило

February 20, 2018

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска не одобрила купување на луксузно возило

February 20, 2018 12:14
in ПОЛИТИКА
Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за одбрана на Република Македонија, ја демантираше информацијата дека министерката Радмила Шекеринска ќе купи луксузно возило од буџетот на министерството.

Во веста која се појави вчера на неколку медиуми, пишува дека 187 илјади евра од буџетот на министерството за одбрана се пренаменети за набавка на луксузно моторно возило, и дека во истото ќе се вози министерката Радмила Шекеринска.

Според оваа информација, потписник на измената и дополнувањето во Планот за јавни набавки е министерката, и дека постапката е започната уште во 2017 година.

Министерството денеска излезе со демант, во кој стои дека ја демантираат секоја информација дека министерката потпишала измена и дополнување во Планот за јавни набавки со цел 187 илјади евра од буџетот на Министерството за одбрана да се пренаменат за набавка на луксузно возило во кое наводно ќе се вози министерката.

„Вистината е дека Министерството за одбрана во 2017 година доби донација од Република Чешка за набавка на патнички моторни возила за Службата за воена безбедност и разузнавање. Сумата која се споменува во текстовите е наменета за набавка не на едно, туку на 11 возила. Набавката нема да потроши ниту еден денар од буџетот на Република Македонија. Службата за воена безбедност и разузнавање нема вршено набавки на возила од 2002 година.“ стои во соопштението од министерството.

Во соопштението тие додаваат дека Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана, парите на граѓаните ги насочуваат на сите вистински потреби, и дополнително обезбедуваат финансиска поддршка од други држави за подобрување на условите за работа на воената служба и тоа со средства од донација.

„Сакаме да нагласиме и дека после 10 години занемарување на АРМ и на војниците, оваа година Владата обезбеди пари за униформи и тоа може да се види во истиот план за јавни набавки. Исто така, оваа Влада обезбеди сите припадници на АРМ да добијат 10 проценти повисоки плати по повеќегодишно занемарување на армијата. Почитувани, дезинформациите што ги пласираат дел од интернет медиумите не се во интерес на јавното информирање, туку се обид во најчувствителниот период во кој се наоѓа нашата држава, да се разниша довербата во институциите на државата, и тоа во време кога и Министерството за одбрана и Владата вложуваат силни напори, да ги подобриме тешките состојби во државата кои долго време беа тема не само во домашната туку и во меѓународната јавност“ додаваат од министерството.

А.П.

Tags: демантМинистерство за одбранаРадмила Шеќеринска
Share55TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ