• Latest

Шоферите на Груевски сведоци во случајот Тенк

April 20, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шоферите на Груевски сведоци во случајот Тенк

April 20, 2018 12:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешното рочиште за случајот „Тенк“ почна со сослушување на сведокот Љупчо Цековски, вработен  во МВР.  Покрај него денеска како сведоци на одбраната во Судот се присутни уште 10 лица, како и обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

Гордана Јанкуловска не е присутна, бидејќи на минатото рочиште за неа беше издвоена постапката поради ризична бременост.

Сведокот Љупчо Цековски кој бил член на обезбедувањето на Никола Груевски рече дека поранешниот премиер се возел со старо блиндирано возило кое често се расипувало. Раскажа случка од 2015 година кога Груевски требало да се вози од неговот дом до Владата, а блиндираното возило не сакало да стартува, поради што тогашниот премиер бил возен во друго несоодветно возило. Додаде дека често се случувало да има дефект на возилото и за негова поправка се чекало по еден месец. Тогаш, како што рече сведокот, возила се позајмувале од МВР.

Вториот сведок Маријан Тушевски, исто така, вработен во МВР, од 2017 година го обезбедувал тогашниот премиер Никола Груевски.

И Тушевски кажа дека блиндираното возило често се расипувало и оти во една прилика кога го однеле на сервис мајсторот им рекол „уште ли ја користите оваа канта“. Рече дека дознал оти е купено ново блиндирано возило кога во посета на Македонија беше Бан Ки-мун, кој се возел во новото возило.

Тушевски додаде дека новиот мерцедес се користел по потреба кога старото блиндирано возило било во дефект. Тушевски, како и претходниот сведок, рече дека мерцедесот бил користен за странски делегации.

Во моментов пред Судот исказ дава третиот сведок Ацо Јаневски исто така вработен во МВР, а бил личен возач на Груевски.

Прдметот „Тенк“ на СЈО се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, а обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.


Извор: МИА

Tags: мерцедесНикола ГруевскиСЈОТенк
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ