• Latest

Што прави Државната изборна комисија по изборите?

March 29, 2017

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Што прави Државната изборна комисија по изборите?

March 29, 2017 15:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода во континуитет ја мониторира работата на Државната изборна комисија (ДИК) и по завршувањето на изборите, наспроти фактот што оваа институција во ниедна прилика не одговори на нашите бројни пораки, барања, извештаи и повици, се вели во денес објавениот извештај на организацијата што го пренесуваме во целост.  

Според Изборниот законик, обврската на ДИК беше, во дадените рокови, да излезе во јавноста со Извештајот за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, одржани на 11 декември 2016 и со Финансиските извештаи за приходи и расходи на политичките партии во период од 21 ноември до 11 декември 2016. Досега се објавени конечни финансиски извештаи само на четири политички партии (коалиции).

Обврската на ДИК за ажурирање на Избирачкиот список сè уште трае. Досега, на веб страницата на ДИК е објавен Збирен месечен извештај за спроведени промени во Избирачкиот список само за јануари 2017.

За потсетување, на 9 декември 2016, по прес-конференцијата пред седиштето на Државната изборна комисија, ЦИВИЛ се обиде на претставник на оваа институција да достави документирани случаи на 104 „исчезнати“ лица од Избирачкиот список, кои беа само дел од над 1.000 граѓанки и граѓани кои се јавија во нашето седиште со поплаки дека се избришани. На големо и непријатно изненадување, во ДИК немаше практично никој кој можеше да го прими материјалот што тимот на ЦИВИЛ го подготви, во обид да им помогне барем на стотина граѓанки и граѓани да го остварат своето право на глас.

Во ДИК, едноставно, немаше никој, на само 24 часа пред денот на гласање!

Ј.Д. од општина Центар во неколку наврати се обрати на ЦИВИЛ за совет поврзан со нејзиниот статус во Избирачкиот список. Откако не се нашла на Избирачкиот список побарала објаснување од Државната изборна комисија. Во текот на само еден телефонски разговор со одделението за избирачки листи во ДИК, добила најмалку пет различни одговори.

Најпрво ѝ било кажано дека можеби сега ја нема бидејќи имаат технички проблем, но на денот на гласањето, сигурно ќе ја имало на список. Кога инсистирала да го види своето име на списокот пред денот на изборите, ѝ рекле дека тоа не е возможно бидејќи, според нивните податоци, нејзината лична карта е со изминат рок. Личната карта на Ј.Д. има рок на важност до 2020 година!

Потоа ѝ било кажано дека била на спорниот список и дека требало да се пријави во законскиот рок предвиден за пријавување на лица кои фигурираат како фантомски гласачи. Кога објаснила дека на нејзината адреса нема фантомски гласачи, добила одговор да се обрати во МВР и да ги пријави останатите жители, бидејќи биле многу на број.

Со други зборови, во ДИК ѝ советувале да го пријави сопственото семејство како фантомско!

На крајот, заклучокот кој го донел ДИК е дека Избирачкиот список е затворен и дека во никој случај нејзиното име нема да се најде на истиот, односно, на изборите на 11 декември таа нема да го оствари нејзиното уставно гарантирано право на глас, иако досега, 20 години гласала на истата адреса без проблем. Кога прашала дали, доколку поднесе претставка до ДИК, ќе успее да направи нешто, ѝ одговориле дека тоа е нејзино граѓанско право, но дека ваквата претставка нема да влијае врз нивната одлука да биде избришана од Избирачкиот список.

Ј.Д. ја контактиравме повторно, охрабрувајќи ја да не се откажува од остварување на своето гласачко право. Нејзиниот одговор беше следен:

„Ви благодарам за Вашиот напор за коригирање на ‘веќе направената штета’. Правото за гласање во декември не го остварив, а што се однесува на моето право за ‘дополнително’ пријавување немав веќе теоретски шанси: набрзо потоа се иселив од нашата сакана држава. Со желби за позитивен исход на оваа Ваша, а со тоа и моја битка, срдечно Ве поздравувам и Ви посакувам успех!“

Дополнително, Ј.Д. ни одговори дека, за секој случај, се појавила на денот на гласање и дополнително утврдила дека ја нема на Избирачкиот список. Разочарана и револтирана, нема намера да се враќа во Македонија.

Во очекување на февруарскиот збирен извештај за спроведени промени во Избирачкиот список, се надеваме дека и овој пат, граѓанките и граѓаните ќе имаат увид кои гласачи се избришани, а кои се внесени во Избирачкиот список. Ова особено е важно, со оглед на штурите информации кои доаѓаат од ДИК.

Во моментов, Избирачкиот список е недостапен за увид на граѓанките и граѓаните.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „исчезнати“ избирачиДИКизбирачки списокизбирачко правоконечни извештаифантоми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ